Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубљана: Изложбата „Ткаење светови – колекции во разговор“

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2025 КУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 26, 2025 18:57

Уметнички дела од 87 автори од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје се претставени на изложбата „Ткаење светови – колекции во разговор“ која синоќа е отворена во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова (МГ+МСУМ) во Љубљана и ќе може да се посети во наредните 10 месеци.

Како што соопшти МСУ-Скопје, изложбата ја отвориле директорите на двата музеја, Мартина Вовк и Тихомир Топузовски, во присуство на кураторите на изложбата: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Бојана Пишкур.

-Соработката со МСУ-Скопје е уште една можност за ткаење на заеднички патеки во современата уметност, засновани на заеднички идеали. Меѓу нив, особено значаен е идеалот за солидарност, кој е единствената солидна валута на нашата иднина и е веќе реализиран преку колекциите од оваа изложба, рекол Вовк на отворањето.

Топузовски во своето обраќање го истакнал потенцијалот на соработката меѓу двете институции.

-Оваа изложба е основа од која ќе произлезат многу други заеднички проекти. Иако двата музеја имаат различни истории, тематски и концептуално тие се поврзани, рекол Топузовски.

Следен во низата заеднички проекти е презентација на дела од колекцијата „Arteast 2000+“ и национални збирки на љубљанската Модерната галерија во МСУ-Скопје. Предвидено е изложбата да биде отворена наесен.

Во „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ се вклучени дела од 87 автори, од кои најмногу дела од РС Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики, дополнети со дела од уметници од Бразил, Полска, Боливија, Судан, Уругвај, Албанија, Јапонија, Јужноафриканска Република, Иран, Куба, Шпанија и од Романија. „Ткаење светови: Колекции во разговор“ се фокусира на еманципацијата на уметничките медиуми, истражувајќи го односот помеѓу културата и природата, додека критички се осврнува на горливите еколошки прашања од времето на Капиталоценот, се наведува во соопштението.

Во изложбата се вклучени дела од уметниците: Борка Аврамова, Владимир Аврамчев, Македонка Андонова, Томе Андреевски, Ибрахим Беди, Гордана Вренцоска, Јордан Грабул, Евгенија Демниевска, Драгослава Јанева, Војко Јаневски, Гоце Јосифов – Ромбо, Ристо Калчевски, Димитар Кондовски, Димче Коцо, Михаил Лазаров, Доне Милјановски, Душко Мишевски, Вангел Наумовски, Петре Николоски, Аџем Нихат, Душан Перчинков, Раде Перчуклиевски, Илија Прокопиев, Кристина Пулејкова, Исмет Рамиќевиќ, Крсте Славковски, Мира Спировска, Мена Спировска-Менче, Глигор Стефанов, Душко Стојановски, Игор Тошевски, Марија Туша Иљовска, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Ѓорѓи Цапев, Симон Шемов, Томо Шијак и Ѓорѓе Шијаковиќ.

Претставени се и словенечките Јернеј Вилфан, Дружинатаод Шемпас, Маја Смрекар, Вадим Фишкин, потоа Стјепан Басталец, Антун Бахунек, Фрањо Вујчец, Стјепан Кичин, Иван Кузмиак, Иван Лацковиќ-Кроата, Јулије Папиќ, Ханибал Салваро, Матија Скурјени, Петар Смајиќ, Иван Рабузин, Боривоје Максимовиќ, Стјепан Столник и Јосип Хорват од Хрватска, српските автори Јанко Брашиќ, Јано Вењарски, Ондреј Вењарски, Богосав Живковиќ, Милосав Јовановиќ, Јано Књазовиќ, Сеад Казанџиу од Албанија.

Застапени се и Јоланта Овидска и Јузеф Сарновски од Полска, Јон Григореску од Романија, Маноло Милјарес од Шпанија, непознат автор од Иран, Вифредо Лам од Франција/Куба, Питер Кларк од Јужноафриканската Република, Мохамед Абдала Ахмед од Судан/Велика Британија, Ример Кардиљо од Уругвај, бразилските уметници Мариа Бономи, Валдемар де Андраде-Силва, Лухдес Гуанабара, Силвиа де Леон Чарлео, Ладир Харис Домше-Пулу, Луциа Кан, Мариа Осилијадора Силва, Жусара Пимента де Падуа, Еленос Силва, Педро Соарес Фогаса, Жералдо Триндаде Леал, Вилма Хамос, боливиските автори Макс Арукипа Чамби и Патриција Веласко Уалин и Јозо Хамагучи од Јапонија.

 

изложба Љубљана македонска МСУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.