Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лука и волкот на Велебит: Модриќ во документарец како козар (Видео)

0
By Нова ТВ on July 15, 2018 СПОРТ
Фото: croatiaweek.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 15, 2018 15:15

Хрватска е светски хит. Попладнево во Москва ќе игра против Франција во финалето на планетарниот фудбалски шампионат. Но, тоа не е единствена причина за вниманието што „коцкестите“ го привлекуваат како магнет. Фокусот врз себе го сврте и нејзиниот капитен меѓутоа не поради своите изданија во копачки туку поради стар документарец во продукција на Павле Баленовиќ. Во кадрите на неговата екранизација за волците на Велебит влегува, тогаш, петгодишниот Лука Модриќ како козар со стап во рака. Една година подоцна ниту самиот не беше свесен дека ќе мора да замине од своето село пред пламените јазли на Татковинската војна. И самиот честопати, особено во летниот период, престојуваше кај дедо му чие име носи додека родителите Стипе и Радојка работеа во локалниот конфекциски погон.

„Колку само беше весело дете, ситно, темпераментно, снаодливо, послушно. Уште тогаш можеше да се насети дека ќе биде нешто од него“, вели роднина на Модриќи.

Фото: uk.sports.yahoo.com

Неколку стотици метри над куќата во која живееше неговиот дедо се велебитски пасишта што беа собиралиште за стадата овци и на жителите од околните села. Тоа како да беше правило за периодот на летни горештини. Неподносливите температури, камениот предел и околниот крш се причина за шега на своја сметка на мештаните во селото дека во такви услови може да преживеат само Модриќи, волците и поскоците.
Лука во тоа време воопшто не се разликуваше од своите врсници. Работата како чувар на кози му наложуваше прескоци од камен на камен, рефлексни реакции, брзина, кондиција, издржливост. Оние што го знаат велат дека во таквата слика се вклопувал како пеперутка која е во потрага по зелени површини на велебитското сивило.

„Не треба да чуди брзината со која трча Лука. Кога од мали нозе ќе почнете да прескокнувате камења, веројатно во еден момент ќе помислите дека можете да се носите и со најдобрите светски атлетичари. Од лично искуство знам како можете да трчате со часови и денови и да не запрете по престој во недопрена природа со стадо овци или кози. Зарем Модриќ не е најдобар пример за тоа. Во продолженијата од мечот против Англија, Лука трчаше како подобро одошто на почетокот на дуелот. Ете тоа направија гените на каменот“, објаснува Шиме, добар пријател на фамилијата Модриќи, во разговор за Јутарњи лист.

Документарецот на Павле Баленовиќ овие денови бележи неверојатни посети на јутјуб каналот. Снимен е пред 28 години и интерес за делото пројави и британски „Би-Би-Си“ со наслов „Wolfman – the dairy od Pavle Balenovic“ што раскажува емотивна приказна за човек и волк и враќање во природа на чопор волци. Документарецот и денеска важи за еден од најдобрите во светот што е прикажан на неверојатни 44.000 ТВ куќи.

„Сиве овие години не бев свесен дека во минатото сум го снимал Лука со татко му на стариот имот додека правев реконструкција на напад на волк за потребите на документарецот. Верувам дека ниту Стипе, ниту Лука не успеале да ја видат таа секвенца бидејќи, и покрај сите напори, лани не успеав да им јавам дека во филмот монтирав и снимки од 1990 година“, вели Баленовиќ кој ги опишува Модриќи како „пристојни и добри луѓе“ кои ги посетувал во секоја прилика кога одел да снима диви животни, природа и живот во планините.

Лука Модриќ, кој дел од детството го мина во предел опкружен со волци, мора да е горд на тој факт како и сите млади генерации кои во животот имале прилика за допир со, макар, дел од недопрените убави на Велебит. И Лика е горда исто така. Областа во близина на хрватскиот брег е наречена по волкот, името е извлечено од терминот liekos што на грчки значи волк.

Велебит волк документарец Лука Модриќ фудбал Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.