Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мадона се пресели во Лисабон: Нејзиниот син во Академијата на Бенфика

0
By Нова ТВ on September 2, 2017 СПОРТ
Фото: etonline.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мадона (59) се пресели во Лисабон каде ќе живее во наредниот период. Причина не е организација на концерт или почеток на европска или светска турнеја на американската поп пејачка туку е спортска, поточно, фудбалска. Нејзиниот 11 годишен син, Дејвид Бандa ќе биде дел од академијата на Бенфика која важи за една од најпознатите во Европа.

Дејвид е роден во Малави и, според пишување на португалските медиуми, ги минал тестовите и доби чест да навлегува во тајните на фудбалската игра преку младинските погони во клубот од „Луж“. Како поддршка притоа ќе ја има славната Американка која изрази желба да биде со него и одблиску да го следи неговиот развој.

„Мадона не е туристка туку жителка на Лисабон“, напиша португалскиот магазин „Вижао“ објавувајќи и фотографии од 59 годишната пејачка низ улиците на главниот град.

Мадона неодамна купила вила во местото Синтра во близина на Лисабон. Тамошните медиуми објавија дека избраниот објект е од 18 век, платен е 7,5 милиони евра и во тек е негово реновирање што би можело да трае и со месеци. Додека се вселат во него, Мадона ќе живее во луксузен хотел, а Дејвид во интернатот на Академијата на Бенфика.

Фото: beupinlisbon.com

Мадона го посвои Дејвид во 2006 година, а во 2009 година и неговата сонародничка Мерси Џејмс. Покрај нив двајца, од 1996 година ја има и ќерката Лурд од врската со Карлос Леон кој беше нејзин личен тренер, а во 2000 година го доби и синот Роко додека беше во брак со британскиот режисер Гај Ричи.

Бенфика Дејвид Банда Лисабон Мадона фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.