Published: Wednesday, January 21, 2026 10:50
Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со победа против Романија со гол постигнат во последната секунда. Натпреварот заврши со 24:23.
Нашата репрезентација со една победа, еден пораз од Данска и нерешен натпревар со Португалија, не освои доволно бодови за да се пласира во втората фаза и ќе заврши на 14. место.
Сепак со овие резултати Македонија ќе има полесен пат во баражот за пласман на Светското првенство идната година.




