Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија доби нова „светица“: Наташа Андонова во ПСЖ

0
By Нова ТВ on January 31, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниот ден од зимскиот преоден рок донесе македонска трансфер бомба на фудбалскиот пазар. Капитенот на женската фудбалска репрезентација, Наташа Андонова (23) потпиша за француски ПСЖ, еден од водечките клубови во Европа, до крајот на оваа сезона со опција за негово продолжување. Убавата вест ја сподели и на својот Фејсбук профил со дрес на популарните „светци“ со број 15.

„Сега и официјално потпишав договор со еден од најголемите фудбалски клубови. Ветувам дека ќе го дадам најдобро од себе. Ова е најголемиот предизвик во мојата кариера. Клубот е бренд во Европа и во светот и ми претставува чест од укажаната доверба. Ветувам дека ќе се оддолжам на најдобар начин“, изјави Андонова по официјализирање на трансферот.

Андонова е родена на 4 декември во 1993 година во Неготино. По ЖФК Тиквешанка и Борец го направи и првиот меѓународен трансфер. Во 2011 година потпиша четиригодишен договор со Турбине од Потсдам и веќе во првата сезона беше втор стрелец во Бундеслигата со седум гола. Првенец го постигна против Баерн Минхен во полуфиналето во германскиот куп. За бундеслигашот одигра 73 натпревари и постигна 18 гола.

Од 2015 година до овој преоден рок го носеше дресот на Розенгард и во 34 настапи даде 20 гола за шведскиот клуб. Дебито во репрезентацијата на Македонија, чиј капитен е, го имаше во 2008 година. Во 27 одиграни натпревари досега има 12 гола. Претходно беше и во младите национални селекции (У17 и У19).

„Со задоволство соопштуваме дека клубот ја ангажира Наташа Андонова, македонска репрезентативка, која доаѓа од шведски Розенгард. Во текот на денот таа ги мина лекарските прегледи и стави потпис на договорот и ќе настапува во дресот со број 15“, се вели во веста на ПСЖ.

Андонова ќе биде во комбинација во ПСЖ само во домашните настапи (првенство и куп). Македонската репрезентативка е без право на настап во Лигата на шампиони од причина што веќе настапи за Розенгард во есенскиот дел од сезоната.

Женски фудбал Македонија Наташа Андонова ПСЖ Розенгард трансфер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.