Македонија и Бугарија размислуваат за заеднички апликации пред фондовите на ЕУ за проекти од сферата на енергетиката, ова денеска го соопштија од кабинетот на премиерот Зоран Заев.
Тој денеска во Софија се сретнал со Теменушка Петкова, министерка за енергетика на Република Бугарија и претставници на Бугарската асоцијација за гас.
Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката.