Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ја доби Украина на ЕП 2020: Клучот кај Лазаров, заслугите за Митревски

0
By Нова ТВ on January 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кире Лазаров го постигна победничкиот гол во последната секунда, Филип Талески беше прогласен за МВП од организаторот на натпреварот, но таквиот епитет од јавноста оди за Никола Митрески. Со 15 интервенции и еден одбранет седмерец, чуварот на мрежата на битолски Еурофарм Пелистер постојано ги одбиваше противничките напади и беше најзаслужен за триумфот на Македонија над Украина со 26:25 во мечот од првото коло во групата Б на 14. Европско првенство во ракомет во машка конкуренција.

Македонските ракометари заминаа на одмор со плус три (13:10) по воведните пола час игра во Виена, но старата болка од настапите на големите турнири во минатото (осцилации, отсуство на трпеливост и недоволна самодоверба за преземање на одговорност од помладите) се провлече и вечерва во австриската метропола. Ниту плус петте гола разлика во продолжението не беа доволни за комотен финиш, туку одново ги раздразнија нервите на фановите и ги залепија крај малите екрани до последниот звук на сирената во „Винер Штадхале“. Поинаку, се чини, и не може од ракометните репрезентативци кои низ годините наназад ја навикнаа јавноста на дијазепам завршница, само што вечерва беше со хепиенд за добра ноќ.

Капитенот Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, Дејан Манасков постигна еден помалку, додека Талески ја тресеше украинската мрежа четири пати. Но, најголеми заслуги за победата одат на адреса на Митрески кој го презема „министерството за одбрана“ од Борко Ристовски.

Следува ден пауза за македонската репрезентација која во недела од 16 часот ќе игра со Чешка чија селекција попладнево загуби од Австрија со 29:32 во увертирата во групата Б.

ЕП 2020 в0 ракомет (м)

Група Б (Виена)

Македонија – Украина 26:25 (13:10)

Чешка – Австрија 29:32 (14:13)

Група Д (Трондхајм)

Франција – Португалија 25:28 (11:12)

Норвешка – БиХ 32:26 (17:12)

Група Ф (Гетеборг)

Словенија – Полска 26:23 (13:11)

Шведска – Швајцарија 34:21 (20:13)

ЕП 2020 Македонија Ракомет (м) Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.