Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ја плаќа цената на европската индиферентност

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Тања Милевска, Equal Times

Од 9 февруари 2015 година, Македонија е нурната во политичка криза без преседан. Тој ден лидерот на социјал-демократската опозиција Зоран Заев (чија што партија го бојкотираше парламентот од 2014 година поради избори кои се сметаа за нефер) од седиштето на својата партија го испрати тоа што подоцна ќе го добие името “бомби”: нелегални снимку на телефонски разговори добиени преку укажувач кој работел во разузнавачката македонска служба.

Новинари, високи функционери, политичари, судии, милитанти…. сите биле следени со години од страна на разузнавањето. На чело на службата тогаш владее роднината на премиерот и претседателот на партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој дал наредба да се прислушуваат илјадници Македонци.

Снимките го откриваат она на што многу опозиционери на режимот се сомневале: манипулирани избори, директен притисок врз судиите и обвинителите, закани и уцени кон вработените во јавната администрација приморани да гласаат за партијата на власт, па дури и обид да се сокрие убиство на еден млад човек, убиен од безбедноста на премиерот во 2011 година.

Потоа почнуваат политички и граѓански протести кои доведоа до техничка влада. Детален извештај на Европската комисија констатира зачудувачко високо ниво на нарушувања на европските стандарди за правна држава и демократија. И доаѓа до тешко преговаран договор помеѓу најважните четири партии и олеснет од страна на ЕУ и наречен Пржино.

Клучни точки на договорот се организирање на слободни избори и креирање на ад хок судски орган, Специјално обвинителство кое доби задача да ги истражува прислушуваните разговори.

Иако Груевски формално повеќе не е на чело на земјата, јасно е дека неговата рака е целосна го поклопува институциите и системот на заплашувања на гласачите, добро извежбан уште од 2006 година: субвенции, социјална помош, ненајавени инспекции кај приватните фирми кои можеби не ја поддржуваат партијата на власт, уцени со јавни вработувања па дури и можноста да се добие ин витро оплодување.

Со години партијата ги усовршувала методите на казнување на гласачите без да мораат да прибегнат кон полнење кутии за да ги добијат изборите.

Пирова победа

Исправени пред опасностите на една таква машинерија, напорите на меѓународните набљудувачи се лимитирани а прогласената победа на ВМРО на изборите на 11 декември може да се смета како Пирова победа. Во разговор со Equal Times, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, го додава и ова:

“Ако ги земеме во предвид заплашувањата врз гласачите и општиот притисок врз функционерите како што тоа стои во извештајот на ОБСЕ-ОДИХР, бројот на гласови за опозицијата и новите партии може да биде уште поголем”.

И навистина, за прв пат во десет години, ВМРО-ДПМНЕ не успеа да собере апсолутно мнозинство. Мора да се додаде дека вакво мнозинство може да се собере само и единствено со коалиција со вечниот сојузник, албанската партија ДУИ. Која е исто така цел на прислушувањата и со тоа потенцијално цел на истрагите на специјалната обвинителка.

Задачата е тешка ако се знае дека треба да се состави влада со албански партии кои неодамна објавија Платформа, во соработка со албанскиот премиер Еди Рама, која почива на максималистички барања. Некои дури тотално нереални и невозможни во оваа напната и лоша атмосфера која во моментов владее во земјата.

Помеѓу овие барања: признавање на “геноцидот врз Албанците во Македонија од 1912 година до 1956 година”. Тука треба да се знае дека Република Македонија постои од 1944 година.

За Фуере оваа Платформа е резултат на “длабоката недоверба” која постои помеѓу етничките заедници и за која е одговорна ВМРО-ДПМНЕ.

“Оваа антагонистичка атмосфера и склоноста кон нетолеранција која ја создава партијата ВМРО-ДПМНЕ без сомение води до вклучување необични елементи во оваа Платформа како споменувањето на “геноцид”.”

На длабоката поделеност помеѓу верните на владат и нивните противници, кои се редовно нарекувани “предавници” или “петтоколонаши”, може да се додаде етничката поделба која е се посилна, потхранета уште од 2006 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ и која најдобро може да се види преку проектот “Скопје 2014” за центарот на градот.

На чекор пред можна нова влада на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ веќе му се закани на граѓанското општество и на организациите финасирани од Отвореното општество на Џорџ Сорос. Старо-новиот премиер се вербално нафрли и врз амбасадорите на западните земји.

Неизвесност и нестабилност

Иако Македонија е кандидат за членство во Европската унија од 2005 година, во оваа ситуација ЕУ остана дискретна, практично немоќна во текот на целиот долг процес и се задоволи со вербални укори.

“Слабиот одговор на Европската комисија покажува опасна индиферентност и лоша проценка на тешката ситуација во Македонија (…). За жал, во текот на годините, и особено по насилството во парламентот од 24 декември 2012 година, одговорот на ЕУ беше се послаб и послаб, па дури и кога партијата на власт ги газеше обврските преземени во договорите преговарани со ЕУ. Препораката за старт на преговори за членство требаше да биде одеземена по настаните во 2012 година.”

“Денес, границата за тоа што може да биде прифатливо е толку ниска што партијата на власт се чувствува силна и може да прави што сака. Тоа испраќа страшна порака до целиот регион и покажува дека лостот на ЕУ всушност не вреди многу. Да се стави стабилноста пред правната држава е лош пристап”, објаснува поранешниот европски дипломат.

Дипломатски извори велат за Equal Times дека е тешко да се преземат конкретни мерки во Советот на ЕУ, особено финансиски санкции кои веќе беа на агендата на министерските дебати во 2016 година, поради тоа што партијата на власт може да смета на поддршката земји како Унгарија и Австрија.

Од друга страна, од 2008 година Грција го блокира секој евро-атлантски напредок на земјата поради историската кавга за името.

Конечно, Комисијата на Жан-Клод Јункер официјално го турна секое проширување во некоја заборавена фиока.

Во 2015 година Македонија беше повторно на раб на експлозија по еден вооружен напад во Куманово. Во Босна, Србија и Косово каде, како во Македонија, врз сиромашното и безперспективно население владеат мафијашки, националистички и корумпирани режими, една искра е доволна за да се запали балканското буре барут.

Особено во нестабилниот меѓународен контекст како на пример претседателството на Доналд Трамп или екстремната десница низ Европа кои се уште помалку наклонети да се грижат за нивната југо-источна периферија.

Иако историјата во повеќе наврати и покажала на Европа дека запоставувањето на Балканот никогаш не било мудра идеја….

Оригиналот на текстот на француски и англиски јазик на подвлечените линкови.

Equal Times ЕУ избори Македонија политичка криза Тања Милевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.