Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе го потпише пристапниот протокол за НАТО на 6 февруари

0
By Нова ТВ on February 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека на 6 февруари ќе се одржи церемонијата на потпишување на пристапниот документ за членство на Македонија во Алијансата.

„На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со идната Северна Македонија заедно со МНР Димитров“, напиша Столтенберг на Твитер.

По ратификацијата на Преспанскиот Договор во Македонија, и потоа во Грција, е отстранета последната пречка за зачленувањето на земјава во Северноатлантската Алијанса, речиси единаесет години по грчката блокада на Самитот во Букурешт, во април во 2008 година.

Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел, во присуство на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Дваесет и деветте амбасадори на земјите- членки ќе го потпишат протоколот по што Македонија ќе може да учествува во сите „клучни формати“ на северноатлантскиот совет.

Како што објасни словенечкиот амбасадор при НАТО, Јелко Кацин, Македонија нема да може да учествува на состаноците каде се разменуваат најчувствителни информации, сѐ додека не стане полноправна членка и со тоа го стекне потребно знаење за управување со тој вид чувствителни информации.

По потпишувањето на пристапниот протокол, секоја земја членка на НАТО ќе треба да го ратификува членството на Македонија, процедура која може вкупно да трае максимум две години, иако очекувањата се дека би требало да биде заклучена кон почетокот на 2020 година, можеби и веќе кон крајот на оваа година. Земји како Канада и Белгија познаваат подолги и покомплексни процедури на ратификација. Според дипломатски извори во Грција, се очекува Атина да го ратификува членството на Македонија веќе на крајот на идната недела.

Откако сите 29 земји членки на Алијансата ќе го ратификуваат пристапниот протокол, ќе се крене македонското знаме заедно со оние на сите други земји членки пред седиштето на Алијансата во Брисел, а постојаното дипломатско претставништво на земјата би требало да се пресели исто така во нови канцеларии заедно со сите други земји членки.

Јенс Столтенберг Македонија НАТО Протокол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.