Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе игра за ЕП 2021 во кошарка: Пораз рамен на победа, игра рамна на пораз

0
By Нова ТВ on February 22, 2019 СПОРТ
Фото: mkf.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кошаркарски пораз рамен на победа, но и кошаркарска игра што предупредува и рамна е на пораз. Македонската репрезентација ја исполни основната мисија, ја мина и втората претквалификациска рунда за Европското првенство во 2021 година и по повеќе од две години пауза се враќа во главна ждрепка за завршен турнир. Романија славеше во Плоешти со 65:53 (по четвртини: 15:16, 19:13, 12:10, 19:14), разлика што на крајот е во прилог на „црвено-жолтите“ за освојување на првото место во групата Б.

Добри во обрана, ужани во напад, беше првиот коментар на селекторот Јорданчо Давитков по натпреварот во Плоешти што остава со помешани чувства. Генерално задоволство од успешното заокружување на севкупната цел и незадоволство од изданието пред претстојните предизвици што ќе бидат поинакви приказни од досегашните што беа насловени како Словачка, Швајцарија, Романија и Косово.

„Мечот беше од исклучително значење за обете селекции, па затоа и играта беше таква каква што беше. Она што одамна беше зацртано, планирано и посакувано го остваривме и се пласиравме во квалификациите. Меѓутоа она што се наметнува како обврска е уште поголема и подобра работа во иднина. Во второто полувреме го променивме начинот на игра во одбрана со што спречивме повеќе поени на Романците“, истакна Давитков.

Дамјан Стојановски со 13 поени беше најефикасен поединец на средбата, неговиот брат Војдан уфрли 12 и тие беа единствени двоцифрени кошаркари во македонската репрезентација во последниот настап во групата Б. По 12 за Романците реализираа Роланд Торок и Емануел Кате, 11 даде Мигел Драгосте, Лукас Тохатан постигна 10.

„Не сум среќен од начинот на кој игравме во Плоешти, но среќен сум од генералниот успех што го остваривме. Две години се мачевме да стигнеме до квалификации во што, конечно, успеавме. Она што следува, сепак, ќе биде различна приказна“, дополни предводникот на националниот тим.

Главната фаза на квалификации за ЕП 2021 почнува во ноември.

ЕП 2021 кошарка Македонија Претквалификации репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.