ЕП во одбојка (м): Македонија попладнево против Финска по одмазда за поразот на ЕП 2019

Македонската машка одбојкарска репрезентација попладнево (18 ч.) во Тампере ќе игра против Финска во премиерниот настап на 32-то Европско првенство. „Црвено-жолтите“ по вторпат ќе учествуваат на...

Милевски со заклучок по настапите на У21 тимот во октомври: Не е лошо

На трите бода од Подгорица во четвртокот против Црна Гора, „надежите“ додадоа уште еден по ремито (1:1) на домашен терен со Казахстан и со вкупно седум се трети на табелата во шестата квалификациска група за ЕП 2021. Наредниот месец ги очекуваат два гостувања кај дијаметрално различни противници. На 14 ноември ќе играат против Шпанија на стадионот „Санто Доминго“ во Алкоркон, а пет дена подоцна во Торшавн ќе го одиграат реваншот со Фарски Острови

Квалификации за ЕП 2021 (У21): Црна Гора поведе, Македонија победи

Конечни 2:1 за избраниците на Благоја Милевски во Подгорица за преземање на лидерската позиција во групата 6 со 6 бода колку што има и Шпанија. Двоен стрелец беше Јани Атанасов во 14. минута и во 33. минута од пенал. Младата селекција во вторник ќе игра и со Казахстан во Скопје

Заборавија да се радуваат: Прва победа на македонските фудбалерки по 8,5 години

Непријатната традиција за „црвено-жолтите“ фудбалерки траеше до денеска. Прекината е попладнево во тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во квалификациите за ЕП 2021 беше совладата селекцијата на Казахстан со 4:1 во меч во кој по два гола постигнаа Наташа Андонова и Гентијана Рочи

Почнуваат и завршуваат дома: Македонските кошаркари против Русија, Италија и Естонија кон ЕП 2021

Квалификациите почнуваат во февруари во 2020 година, првиот меч со Естонците на домашен терен, последниот со Италијанците кои заедно со Германија, Чешка и Грузија се коорганизатори на завршниот турнир

Македонија ќе игра за ЕП 2021 во кошарка: Пораз рамен на победа, игра рамна на пораз

Македонската репрезентација ја исполни основната мисија, ја мина и втората претквалификациска рунда и по повеќе од две години пауза се враќа во главна ждрепка за завршен континентален турнир. Романија славеше во Плоешти со 65:53 (по четвртини: 15:16, 19:13, 12:10, 19:14), разлика што на крајот, сепак, е во прилог на „црвено-жолтите“ за освојување на првото место во групата Б

На пат кон кошаркарското ЕП 2021: Македонија го реши Косово

Попладнево во Гевгелија, националниот тим славеше со 78:68 (по четвртини: 29:16, 10:19, 22:12, 17:21) за продолжување на успешната резултатска низа во групата во која има три победи во исто толку одиграни натпревари. До крајот на оваа фаза во кампањата преостанува уште гостување во Романија во февруари догодина

В. Стојановски: Нов почеток по двете лоши лета за македонската кошарка

Селекторот Јорданчо Давитков ја собра кошаркарската репрезентација за мисијата ЕП 2021, но поради очајните настапи во изминатите две години ќе мора да мине трнлив пат за место на завршниот турнир. „Црвено-жолтите“ овојпат почнуваат од претквалификациите во кои за ривали во групата ги имаат Словачка и Швајцарија. Првиот настап е веќе во недела (18 ч.) во Попрад против Словаците, три дена подоцна националниот тим ќе биде домаќин на Швајцарците. На првиот собир се појавија 15 играчи