Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија на ЕП 2020 во ракомет: Ревијалниот настап и битката за симболи

0
By Нова ТВ on January 15, 2020 СПОРТ
Фото: ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Победа на „стаклени нозе“ против Украина, пораз со пресврт од Чешка во меч со многу осцилации и дебакл од Австрија за експресно напуштање на 14. Европско ракометно првенство. Ова е билансот на македонската репрезентација по трите одиграни натпревари во Виена, оставајќи многу прашалници во јавноста за причините што овојпат не беше мината ниту прелиминарната фаза на голем настан. Одговорот за бледите изданија веројатно го имаат самите ракометари и селекторот Данило Брестовац, освен ако нема и неракометни моменти од соблекувалната, тренинзите и подготвителниот период. Момент што не одеше во прилог беа реформите на турнирот што Европската ракометна федерација ги усвои уште на Конгресот во Даблин во 2014 година. Се прошири бројот на учесници од 16 на 24, но и се редуцираа местата што водат во наредната групна фаза од три на две. Па, ако досега беше доволна една победа за опстанок на шампионатите, сега требаше нешто повеќе од тоа.

Еден од аргументите што често се провлекуваше низ медиумите во изминатиот период се однесуваше на „млада репрезентација“. Таквиот можеби држи за Мишевски, за Маџовски за кои ова беше прво ЕП, но никако за Талески, за Кузмановски кои по третпат се појавија на континенталната сцена. Згора на тоа, обајцата играат во бундеслигашки екипи и од нив и досега се очекуваше да почнат се преземање на поголема одговорност за растоварување на Кире Лазаров. Вака капитенот е сам на бековските позиции и во случај противникот да залепи фластер или полуфластер како Австријците, тогаш остатокот од екипата е во грч и почнува да трокира.

Фото: ehf-euro.com

Македонската репрезентација потфрли и на психолошки план. Големите и чести осцилации во кои запаѓаа ракометарите беа како „црна дупка“ од која не успеаја да излезат против Чесите, а уште помалку против Австријците. Одиграа најлошо кога беше најпотребно што повторно го отвора прашањето за ангажман на психолог во националниот тим. „Криминално“ лошо се одигра последниот меч против кодомаќинот на првенството во кој ама баш ништо не функционираше во двата правца, па и во моментите кога Македонија имаше играч(и) повеќе на теренот. Дека играта беше за секаква осуда, призна и Кире Лазаров, а пораз со двоцифрен број на голови беше избегнат само поради уфрлување на ривалот во помала брзина и користење на последните десетина минути за воигрување на некои тактички замисли за предизвиците кои му претстојат.

Кире Лазаров не може сам. Тековното Европско првенство е уште еден одраз на лимитираноста на националниот ракометен тим што е случај и во останатите колективни спортови. Во фудбалот досега се чекаше на Горан Пандев, во кошарката до неодамна на Перо Антиќ. во одбојката на Никола Ѓорѓиев. Но, она што е тешко објасниво или необјасниво во случајот со ракометарите е незнаењето, неможноста, некадарноста или како сакате наречете го некористењето на неговото присуство на терен. Па, наместо да биде двигател за ослободување и разигрување на помладите, тие чекаат на асистенција, скок шут, голови од него.

Фото: ehf-euro.com

Капитенот е при крајот на четвртата деценија од животот. Кај и да е, се ближи моментот кога и Лазаров ќе рече „дечки доста е, од туку натаму без мене“ оти против природата никој не може, па ниту ракометниот „семоќен“ за каков важи моментно членот на француски Нант. На ова ЕП настапи со 39 години и несериозно е да се очекува да игра и влече како пред една деценија. Злато вреди самото негово присуство во тимот, меѓутоа поддршка и нему му е потребна. А, понудените опции за кои, исто така, честопати може да се прочита дека се „идни лидери“ досега не нè убедија во статус што паушално им се припишува за перспектива.

Некој ќе побара изговор во „подмладување на репрезентацијата“ и дека ова ЕП требаше да биде искористено за собирање на искуство што, сепак, и тоа не држи. Оти тој одговор се нуди по секое ЕП или СП бидејќи смена на генерации се прави постојано во сите селекции. Во Австрија, Норвешка и Шведска (кодомаќини на турнирот), останатите репрезентации не отпатуваа со „ветерани од Виетнам“, а македонската со „детска градинка“ која лесно беше прочитана и ставена под контрола.

Фото: ehf-euro.com

Е, таа „детска градинка“ за жал беше контаминирана од длабоката политичка пенетрација во ракометната репрезентација. Спортот во суштина е забава, бизнис, но и политика. Сепак ваква вулгаризација на општествената партиско-политичка битка која се рефлектира и во соблекувалната со прикривање на придавката „Северна“ и гордо истакнување на „Сонцето од Кутлеш“ е крајно неподнослива за секој вистински љубител на ракометот и за секоја осуда. Тажно е што ступидната битка на симболи, актуелни и древни, на свој грб ја почувствуваа и помладите во тимот. Тие не може да се иселат во друг репрезентативен состав, па очигледно ќе мора да ја трпат уште долг период оваа загрижувачка состојба.

Единствената преодна оценка за македонските ракометари од ова ЕП се нивните гласовни можности. Децибелите го достигнаа максимумот при интонирање на химната, особено во стихот со „Гоце, Даме, Питу, Јане“ за суптилно истакнување на припадност и патриотски чувства пред ТВ камерите како надоврзување на амбиентот од соблекувалната. Но, конекција со Делчев, Груев, Гули и Сандански не воспоставија на терен, а за нивните вокални способности можеби ќе „фатеа“ бодови за повисок пласман на „Евровизија“, во Виена, сепак, се играше ракомет.

Фото: macedoniahandball.com.mk

И крај, вечната дилема за интернационализацијата на клупскиот ракомет што полека се одразува врз репрезентативниот. Вардар, како двократен европски првак, има пет домашни играчи од кои стандарден е само Стоилов. Останатите (Кизиќ, Димитриоски, Гогов и Кукуловски) добиваат минутажа на лажичка, Лигата на шампиони ја следат од клупа или од трибини, па најчесто се користат во ротацијата за СЕХА лигата и македонскиот шампионат.

ЕП 2020 Македонија Ракомет (м) репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.