Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија нема да настрада од бегалци кои и да се, но може од лажните вести

0
By НОВА ТВ on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 19:49

Македонија ниту настрадала во минатото, ниту ќе настрада сега од тоа што ги отвори своите врати за примање на бегалци како дел од глобална хуманитарна операција, за спасување човечки животи. На ова ние сме се обврзале како членка на Обединетите Нации и како потписници на многу меѓународни акти и конвенции за правата на човекот и за правата на бегалците. Притоа, ние не можеме да бираме дали бегалците се од Авганистан а пред тоа биле од Босна и Херцеговина, Косово, утре можеби од кој знае каде. Бегалецот е бегалец независно од полот, расата, потеклото, стар или млад, образован или аналфабет и како таков треба да го третираме. Во светот има над 20 милиони луѓе со статус бегалци, и што доколку некој од нас, би бил, некој од нив?

Сепак добро е што дел од македонската јавност на целата работа гледа од една човечка димензија. Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на својот ФБ објави:

– Прифаќањето на цивили од Авганистан од страна на нашата земја е хуман и солидарен гест и е дел од меѓународна хуманитарна акција која ќе се спроведува деновиве. Во периодов, напливот на лажни вести ќе биде зголемен и со тоа ќе се зголемува и нивото на ксенофобични испади. Сето ова се случува во период пред избори и се ќе биде пуштено на најјако, што е нешто што многу пати до сега сме го виделе. Не подлегнувајте на лажни вести и имајте на ум дека за спасување на човечки животи, се работи!

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал,исто така на својот фејсбук профил, споделува лично искуство од престој во Авганистан:

– Три години работев во Авганистан и имав можност да се запознаам со многу граѓани. Тие се прекрасен народ, чесен и трудољубив и горд, со висок морал и етика. Нивниот живот не е лесен. Таму учествував и во формирањето на Високиот Суд за Антикорупција. На чело на судот беше жена. Многумина од нив никогаш не ја напуштиле државата со надеж дека ќе биде подобро за нив и нивните деца. Да не се осудуваат без основа. За нив, Александар е некрунисан крал. Тие нема да и нанесат штета на Македонија.

И кога го почнав текстот со тезата дека нема да настрадаме од бегалците, мислев на тоа дека сигурно тоа ќе ни се случи од лажните вести ако продолжиме вака, од вестите кои имаат намера да искриват, прикажат во поинакво светло, да доведат во заблуда одредена маса луѓе, да поттикнат ксенофобија и разно разни други „изми“. Се шират на социјалните мрежи секакви квази-вести, па дури и луѓе шират гласини дека Талибанци ни носеле за да се разнесуваат како бомбаши самоубијци, и само што не почнале да палат, силуваат, убиваат. Веројатно поради тоа владата во денешното соопштение во кое извести дека презела обврска за прифаќање на 450 легални бегалци, претежно работници во цивилниот сектор, нивни сопружници и деца, новинари, упати апел граѓаните да не наседнуваат на лажните вести. А, во таа свера, се е пуштено на најјако, владее виртуелна трка на „живот и смрт“, додека на терен во Авганистан луѓето се во реална трка со моменти кои можат да ги однесат во живот или во смрт.

Мирјана Трпческа

Авганистан бегалци вести Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.