Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија од 16 – 18 јуни домаќин на Преспа форум

0
By Соња Крамарска on May 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 18, 2022 12:37

Северна Македонија следниот месец ќе биде домаќин на голема конференција Преспа форум, што ќе се одржи од 16-18 јуни во Охрид, соопшти денес министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Конференцијата, како што рече тој, се совпаѓа и со четиригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, а ќе се разговара за теми важни за денешницата.

„Оваа година конференцијата го носи името „Градењето на иднината на западниот Балкан во современата безбедносна архитектура“.  Во фокусот на дискусиите ќе доминираат актуелните теми, проектирани низ нашата регионална призма. Темата е што после војната во Украина“, посочи Османи.

На овогодинешното издание на Преспа Форумот за дијалог, потврдени се видни гости од регионот и пошироко. На самото отворање на Форумот ќе се обратат Претседателот со Европскиот Совет, Шарл Мишел, потсекретарката на Обединетите Нации за политички прашања – Розмари ди Карло како и актуелната генерална секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит. Домаќин на отоврањето ќе биде Претседателот Пендаровски кој оваа година е покровител на настанот, а засега потврдено присуство имаат и Претседателите од Регионот, како што се Борут Пахор од Словенија, Вјоса Османи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора, како и Премерот на Косово, Албин Курти.

„Од регионален аспект, особено е важно што на Форумот ќе присуствуваат и клучните Специјални претставници за регионот од САД, ЕУ, Обединетото Кралство и Германија; соодветно – заменик помошник секретар на САД Габриел Ескобар, потоа Мирослав Лајчак, Сер Стјуарт Пич и Мануел Сарацин. Тоа ќе биде за прв пат токму сите четворица специјални претставници за регионот да бидат присутни на едно место, или на еден панел, и тоа во посета на регионот. Она што е особено важно за нас е дека сите четворица во рамките на Преспа форумот за дијалог, ќе учествуваат на состанокот – Б6, со министрите за надворешни работи од регионот. “, истакна  Османи.

 

„Преспа Форум“ Македонија Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.