Владата на денешната 76 седница ја разгледа и ја усвои информација за можноста за приклучување на Македонија кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19 преку т.н. COVAX механизам за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за коронавирусот.
„Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец, соопштија од владината прес-служба.