Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија со поразителни бројки за безбедноста на патиштата

0
By Нова ТВ on June 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија заостанува зад европските држави во однос на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Анализите покажуваат дека во земјите од Европската унија во просек има 5,2 жртви во сообраќајот на 100.000 жители, а во Македонија 7,1 жртва на 100.000 жители.

Поради тоа од надлежните институции најавуваат на есен формирање извршно тело за безбедност на патиштата во кое ќе членуваат претставници од надлежните институции. Негова цел ќе биде да работи на зголемување на безбедноста на патиштата.

– Станува збор за поразителни бројки и затоа од наша страна ќе преземеме се за да го намалиме бројот на жртви на патиштата и максимално да ја зголемиме безбедноста. Во земјите од Европската унија има во просек 5,2 жртви во сообраќајот на 100.000 жители, а во Македонија има 7,1 жртва на 100.000 жители, изјави Сугарески во рамки на меѓународната конференција „Безбедност на патиштата“.

Генерална оценка на учесниците е дека за да се зголеми безбедноста на патиштата потребна е рехабилитација на постојните патишта, проектирањето на новите патишта да се подигне на повисоко ниво, да има поголема совесност кај возачите и поголема контрола и казни од страна на надлежните институции.

– За првпат во Македонија имаме контролен пункт каде се снима еден дел од автопатот Демир Капија-Смоквица. Веќе догодина ова време ќе биде покриен и делот од Велес до Демир Капија. Има контрола, но треба да има и казни. Неодговорно е кога гледате дека некој во тунелот вози 180 километри на час, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

За следната година се планира целосно патниот дел од Коридорот 10 да биде покриен со камери.

Според одредени анализи, споредено со 32 држави во Европа, Македонија е меѓу последните пет земји по безбедноста на сообраќајот.

анализа Безбедност на патишта ЕУ Македонија просек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.