Денеска и утре Македонија ќе биде зафатена со жолта фаза во која максималната дневна температура според метеоролозите ќе достигне и до 40 Целзиусови степени.

Периодот на претежно сончево и многу топло време ќе продолжи и во наредните денови. Во поголем дел од земјата максималната температура ќе достигнува над 35, а на места по должината на Повардарјето ќе надмине и 40 степени.

УВ-индексот ќе биде многу висок, со вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло, со максимална дневна температура од 39 степени.

Денес и утре подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а од четврток одредени региони од земјата ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на опасност од топлотни бранови.