Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз: Македонија стана дел од „Коалицијата на волните“: Дополнителна помош за Украина и заслиен притисок врз Русија!

0
By Zoran Ivanov on July 14, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 14, 2026 16:26

Членките на Коалицијата на волните се состанаа вчера во Париз и ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина, повикаа на итен прекин на огнот и најавија дополнително зајакнување на воената, финансиската и политичката помош за Киев. На состанокот учествуваше и Македонија, како една од земјите во рамки на Коалицијата.

Во заедничката декларација, учесниците наведуваат дека, поттикнати од резултатите од самитите на Г7 во Евијан и на НАТО во Анкара, остануваат цврсто обединети во поддршката на Украина во нејзината борба за слобода, суверенитет и територијален интегритет, оценувајќи дека украинската одбрана има клучно значење и за евроатлантската безбедност.

Потписниците им оддаваат признание на храброста и издржливоста на украинскиот народ, како и на неодамнешните успеси на украинските сили на фронтот. Истовремено, остро ги осудуваат масовните руски ракетни и беспилотни напади врз украинските градови, нагласувајќи дека тие предизвикуваат големи цивилни жртви и разурнувања.

Лидерите ја повторуваат определбата за воспоставување праведен и траен мир во Украина, во согласност со принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.

Во декларацијата се бара целосен и итен прекин на огнот, како и продолжување на директните мировни преговори меѓу Украина и Русија, со активно учество на САД и Европа.

Коалицијата нагласува неколку основни принципи:

Нема мировен договор без целосно учество на Украина; Не може да се преговара за европската безбедност без учество на европските држави; Замрзнатите руски средства ќе останат блокирани сè додека Русија не ја прекине агресијата и не ја обештети Украина за штетите предизвикани од војната.

Државите-членки најавуваат дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, преку воена, финансиска и цивилна помош.

Во декларацијата се наведува дека ќе се интензивира испораката на системи за противвоздушна одбрана, ракети-пресретнувачи и оружје со долг дострел.

Истовремено, учесниците ја поздравуваат одлуката за формирање Коалиција против балистички ракети, чија цел е развој на дополнителни капацитети за заштита од балистички закани, како и одлуката Украина да добие лиценци за домашно производство на ракети-пресретнувачи.

Коалицијата најавува и натамошно заострување на економскиот притисок врз Русија преку нови санкции и координирани активности за спречување на нивното заобиколување.

Посебен акцент е ставен на борбата против таканаречената „руска флота во сенка“, при што земјите најавуваат почести инспекции, пресретнувања и заедничка размена на разузнавачки информации за сузбивање на нелегалните активности на овие бродови.

Во декларацијата се оценува дека способноста на Украина самостојно да се брани е од суштинско значење за идната безбедност на Европа.

Коалицијата ја поздравува и поддршката што американскиот претседател Доналд Трамп ја изразил за безбедносните гаранции за Украина за време на самитот на НАТО во Анкара.

Потписниците потврдуваат дека идниот мировен договор ќе мора да биде проследен со политички и правно обврзувачки безбедносни гаранции, кои ќе стапат во сила по воспоставувањето на веродостоен прекин на огнот.

Во документот се наведува дека овие гаранции ќе имаат исклучиво одбранбен карактер, со цел да се спречи нова руска агресија и да се обезбеди долгорочна стабилност во Европа, паралелно со континуирана воена поддршка за украинските вооружени сили.

Дополнително, Коалицијата ја поздравува подготвеноста на Мултинационалните сили за Украина (MNF-U), кои по воспоставувањето прекин на огнот, на барање на Украина, би биле подготвени да придонесат за обновување на украинските сили и за обезбедување сигурност на копно, во воздух и на море. Во наредните месеци ќе бидат организирани и воени вежби со цел демонстрирање на нивната оперативна подготвеност.

Елисејската палата објави список на државни лидери и претставници на меѓународни институции кои ќе учествуваат на самитот на Коалицијата на волјата во Париз на 13 јули.

Поточно, покрај Зеленски, претседателите на Молдавија, Финска и Романија потврдија дека лично ќе присуствуваат на состанокот што го организира францускиот претседател Емануел Макрон. Премиерите на Албанија, Хрватска, Шпанија, Данска, Норвешка, Шведска, Грција, Луксембург, Полска, Велика Британија, Естонија, Белгија, Австрија, Германија, Чешка, Холандија, Словенија и Латвија, исто така, го потврдија своето учество. Се очекува да присуствуваат и претставници на други членови на коалицијата, вклучувајќи ги Северна Македонија, Италија, Турција, Португалија, Литванија, Словачка, Австралија, Исланд, Црна Гора, Јапонија, Нов Зеланд, Канада, Ирска и Кипар. Се очекува институциите на ЕУ и НАТО да бидат претставени од претседателите на Европскиот совет и Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

Бугарскиот претседател Румен Радев ја повлече државата од коалицијата.

волни коалиција Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.