Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот и бугарскиот премиер ставија потпис на историски Договор за добрососедство и пријателство

0
By Нова ТВ on August 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот премиер, Зоран Заев, и неговиот колега премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји.

Во своето обраќање македонскиот премиер изјави дека договорот и дава позитивен сигнал на меѓународната заедница за стабилизација на регионот.

„Договорот покажува дека таму каде што има политичка волја прашањата ќе се решат. Македонија и Бугарија направија историски чекор напред. Отворивме пат за стабилност и развој за двете држави и за балканскиот регион. Овој договор е взаемен успех и придонес кон политичка стабилизација. Влада на Република Македонија се определи да води политики на решавање. Во владата на Република Бугарија видовме конструктивен партнер со исти цели“, изјави Заев.

Тој додаде дека договорот е пример како долгогодишна кочница може да стане мотор за поврзување.

„Овој договор е значајна порака до ЕУ и НАТО дека земјите од регионот имаат политичко раководство кое гради мостови. Балканот и Југоисточна Европа се однесуваат европски и ги заслужуваат европски и атлански перспективи. Република Бугарија е уште поголем пријател на Македонија. Мојот народ денеска има право да биде среќен поради овој чекор.“, рече премиерот Заев.

Можевме да не го потпишеме договорот, со години наназад не го потпишувавме, рече премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Без директиви постигнавме договор, мирот и добрососедството се поважни од се друго, изјави Брисов.

„ Нашите тимови работеа неколку месеци активно за да имаме потпишување на договор со толку убаво име – добросоедство. Двата меморандуми се исклучително важни и за вас и за нас бидејќи транспортниот коридор број 8 е врската која што го поврзува целиот Балкан. Овој транспортен коридор овозможува излез не само на север и југ туку и спојување на секоја друга земја од Балканот да соработува со друга држава“, рече Борисов.

Договорот и покажува на Европската унија дека е возможен мир на Балканот, рече тој.

„Овој дoговор има смисла бидејќи на ЕУ и покажува дека на немирниот Балкан каде пред само 20 години имаше толкаво крвопролевање и ужаси врз десетици илјади луѓе, сега ќе ја видите реакцијата која ќе биде позитивна. За десет години резултати од денешната средба ќе бидат видливи за двете држави“, додаде бугарскиот премиер.

По потпишувањето на договорот, тој треба да биде ратификуван во Парламентот.

Договорот меѓу другото предвидува Македонија да може да се грижи за македонското малцинство во Бугарија само во согласност со билатералните и мултилатералните договори чии потписници се Скопје и Софија. Натаму стои дека двете држави имаат право да ги заштитуваат правата и интересите на своите државјани на територијата на другата страна.

Во точката 5 од членот 11 пишува дека Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица, кон не се државјани на Македонија.

Во договорот стои дека Бугарија ќе ѝ помогне на земјата за влез во ЕУ и НАТО, без поставување услови. Член од договорот предвидува да се формира заедничка комисија кој треба да придонесе за објективно и научно толкување на историски настани и дека Бугарија и Македонија ќе организираат и заедничко чествување на историски личности и настани.

Договорот треба да овозможува подобра економска соработка, царински и гранични олеснувања, соработка во областа на туризмот, заеднички инвестиции, развој на транспортот и патната инфраструктура. Двете држави ќе поттикнуваат и соработка во областа на културата, образованието, здравството, спортот.

Во текот на денот македонските министри и нивните бугарски колеги ќе имаат билатерални средби. Предвидено е и потпишување на неколку меморандуми за соработка.

За утре, 2 август, кога се одбележува националниот празник Илинден, предвидено е заедничко чествување во црквата Свети Спас во Скопје, каде се наоѓа гробот на Гоце Делчев.

За време на посетата на Македонија, Борисов ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Бојко Борисов Бугарија Договор за добрососедство Зоран Заев Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.