Македонско друштво „Илинден“-Тирана дава целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се заштитат „националните интереси во спорот за македонскиот јазик, идентитет и историја што Бугарија ѝ го наметна на Северна Македонија пред преговорите со ЕУ“. Според друштвото, Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи.

– Во создавањето на текстот на Резолуцијата свој придонес имаат МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Таа ги содржи националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси и од кои ниту една влада не смее да отстапи. Ги повикуваме сите политички партии во татковината Македонија, сите македонски организации во светот да ја поддржат ова Резолуција, велат од македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Македонското друштво „Илинден“ во Тирана порачува дека македонскиот јазик, идентитетот, историјата и националната посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори.

ДУИ бара усогласување на партиите за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, АА и Алтернатива се уште без став