Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“, па откако почекал да види какви им се намерите, ги фатил на дело како со пумпа украле 150 литри дизел гориво од резервоарот, пишуваат словенечките медиуми.

Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен.

Според полицијата, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво.