Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците сакаат дизел и бензин: Само 2 отсто возат на плин

0
By Нова ТВ on November 25, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија има стар возен парк со просечна старост на возилата од 18 години. Половина од регистрираните возила користат дизел-гориво, додека од 218.544 возила со бензински погон, пренаменети на гас и метан се само 12 илјади возила, или само 2,6 проценти од возилата.

Владата најави субвенции за инсталирање уреди на гас во возилата, но предвидува да бидат искористени само за 1.200 возила.

Емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан е речиси нула

Даме Димитровски, професор на Машинскиот факултет и раководител на Лабораторијата за мотори и горива, нагласува дека транспортот не е главен фактор за цврсти честички, ниту во Скопје ниту во другите градови, но дека сепак во суштина нешто треба да се воведе во врска со емисиите на возилата.

– Дали се тоа вакви лепенки, дали е тоа даночење по емисија, што ќе оди во фондот за животна средина, кој ќе се справува со оваа тема. Некаков систем во кој ги промовираме зелените возила треба да направиме, па макар и ваков систем со лепенки со кој, без разлика колку некој вистински загадува, бидејќи не знаеме колку километри поминува, ставаме лепенка и го ограничуваме каде во градот смее да вози. Сметам дека за почеток може да се направи доста полесно или полабаво ограничување, така што Еуро 4, 5 и 6 треба да се зелена лепенка, а да се промовираат возила на ТНГ и метан, што секако ќе добијат зелена лепенка, вели Димитровски.

Во однос на најавените субвенции за монтирање уреди на гас во возилата, Димитровски смета дека со конверзија на гас може да се очекува одредено намалување во емисијата од возилата речиси по сите параметри.

– Би требало да се очекува дека ќе се намалат сите емисии од возилото со бензиски мотор, независно дали е тоа Еуро 1, 2, 3 или 4. Очекуваме дека емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан ќе биде речиси нула, вели Димитровски.

Конверзија на гас е можна и кај бензиски и кај дизел-мотори

Конверзија на погонските мотори на возилата, посочува Димитровски, е можна и кај бензинските и кај дизел-моторите, со тоа што бензинските мотори може многу лесно да поминат на метан или пропан бутан и тоа не е прескапа метода, додека кај дизел-моторот се прави конверзија, но и понатаму е потребно да се користи и дизел и гасно гориво.

– Кај дизел-моторот се прави конверзија, но за да остане циклусот дизелов треба да користи и дизел и гасно гориво. Таква конверзија во Македонија е направена во 2006 година во ЈСП, кое имаше 30 автобуси со најлошите дизел-мотори во тоа време и ги направија да бидат со двојно гориво, 50 проценти дизел и 50 отсто метан. Како што знам, а бевме вклучени во мерењата како факултет, емисиите драстично се намалија на цврсти честички и исплатливоста беше голема, затоа што метанот е многу поевтин од дизелот. Со тој проект се престана и понатаму се купија Еуро 5 дизел-автобуси, изјави Димитровски.

Во тој контекст посочува дека одлуката на Град Скопје да купи гасни автобуси е за поздрав, затоа што емисијата од нив е нула цврсти честички, има инфраструктура за полнење, има сервисери и може веднаш откако ќе ги купат да ги користат.

– Електричните автобуси не се лоши, но за нив немаме инфраструктура и можеби треба постепено да ги носиме. Ќе треба доста време за да се замени тоа што ЈСП сега го има како возен парк, изјави Димитровски.

Многу е јасно дека дизел-технологијата е повалкана од ото-технологијата, затоа што користи потешко гориво, но од друга страна дизеловиот циклус дава поголема моќност.

– Ако кај лесните возила многу полесно може да ги убедиме луѓето да возат полесно гориво, кај тешките товарни возила сѐ уште е голем проблем да се најде добар камион што е со исти перформанси и користи чисто гориво. Во најава следува дека ќе има некакви електични или други почисти технологии и затоа Еуро 7 и 8 нормите ќе се развиваат кај тешките возила, а потоа и кај автомобилите, изјави Димитровски.

Субвенции за вградување уреди на гас до 300 евра за 1.200 возила годишно

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули со новите законски измени најави и субвенции за електрични и хибридни возила, како и субвенции за течен нафтен гас или метан.

Со Програмата за субвенционирање за купување нови хибридни и електрични возила се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила.

Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоците за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постојните возила.

Со Програмата се субвенцинираат 50 проценти од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво.

Истовремено со овој предлог-закон се предвидува Програма за субвенционирање за купување нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Во Македонија половина од возилата се дизел со просечна старост од 18 години

Во Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив, над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половина користат дизелски погон.

Податоците од МАКСтат базата покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила во Македонија е зголемена од 18,4 години во 2016 на 18,7 години во 2017 година, додека во истиот период и бројот на автомобили е зголемен за осум илјади од 395 илјади во 2016 на 403 илјади во 2017 година.

Најголем дел автомобили 84,1 отсто се постари од десет години, што во однос на 2016 година е зголемување од околу два процента од 81,8 отсто. Вкупниот број автомобили до пет години изнесува десет илјади, или 2,5 проценти од вкупниот број возила и во 2016 и во 2017 година.

Забележително е дека со растот на бројот на возила во Македонија и дозволениот увоз на половни се менува и процентот на застапеност на дизел-возила во однос на бензинските. Така, во 2012 година од вкупно 301 илјада автомобили на дизел биле помалку од една третина, или 92.799 автомобили. Таа бројка е во постојан раст, и во 2016 година во Македонија има вкупно 192.816 дизел-автомобили, што е речиси половина од вкупниот број автомобили и се изедначува со бројот на бензински возила, што изнесува 197.880 возила. Во истиот период, бројот на бензински автомобили е речиси стабилен, со тоа што има минимално зголемување на бројот на автомобили што користат бензин и гас, односно од 9.501 возило во 2012 година, на вкупно 11.445 возила во 2016 година. Бројот на електрични возила, иако незначителен, е намален во овој период, па така од 41 електрично возило во 2012 година, во 2016 година има 37 електрични возила во Македонија.

автобуси бензин возила гас дизел Загадување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.