Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Макпетрол“: Анализата на Министерството за финансии ги констатира злоупотребите со екстра лесно гориво

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2020 11:34

Долгоочекуваната анализата за екстра лесното гориво го потврди тоа што со години е познато, но и тоа не е доволно за преземање конкретни мерки од страна на државата, со жалење се констатира во соопштението на „Макпетрол“.

„Анализата на Министерството за финансии ги констатира злоупотребите што се прават со екстра лесното гориво со години – големата разлика во малопродажните цени меѓу дизелот и екстра лесното мотивира одделни субјекти да го продаваат спротивно на постојните закони, односно да го користат како погонско гориво“, се наведува во дописот на компанијата.

Сепак, од нафтениот гигант истакнуваат дека тоа не е доволно за државата да собере храброст и да преземе конкретни мерки, туку само предлага сет од три мерки.

„Ако се има предвид дека вонредната состојба е завршена и дека Собранието е распуштено, поради што во овој момент не може да се вршат законски измени, јасно е дека некој смислено го одолговлекува решението на овој дологодишен проблем. Ваквата анализа без носење мерки дополнително разочарува и уште еднаш го потврдува сомнежот дека некои луѓе од државните институции одработуваат за оние кои вршат злоупотреби со екстра лесното гориво“, нагласуваат од „Макпетрол“.

Како да се објасни фактот, се прашуваат од компанијата, дека државата од една страна се задолжува со цел да обезбеди дополнителни средства во буџетот за справување со економската криза, а од друга страна не покажува интерес и решителност, преку регулација на пазарот, да ги наплати даноците кои и следуваат.

„За конкретниот проблем покажаа интерес и релевантни меѓународни институции, од причина што нерешавањето на злоупотребите со екстра лесното гориво е во спротивност со европските директиви. Израмнувањето на акцизата за екстра лесното гориво со дизелот ќе демотивира понатамошни злоупотреби, ќе придонесе за зголемен квалитет на горивото што се користи, а истовремено ќе ја заштити животната средина со промовирање и користење гориво според европските стандарди“, предупредуваат од компанијата.

акциза Екстра лесно гориво Македонија Макпетрол цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.