Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Макпетрол“ донира две паралелни сензорски врати на болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ ја организира својата работа со цел правилно справување со коронавирусот. Сега клиниката може да врши тријажа на пациентите при самиот нивен влез и истите на безбеден начин да добијат соодветна грижа.

„Пред неколку дена, на наше огромно задоволство, се промени изгледот на влезниот портал на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Благодарение на поставување на две паралелни сензорски врати со изолаторен дел помеѓу нив, ќе се врши адекватна подготовка за преглед и прием на пациенти, со мерење на температура и земање на епидемиолошка анкета. Оваа донација е спроведена со помош од компанијата „Макпетрол“ АД. Од мое лично име и од името на целиот колектив им укажувам длабока почит и благодарност. Карактеристика за ситуацијата во државата е тоа што се поголем број на компании и поединци учествуваат во активно помагање на здравствениот систем во земјата, што е од големо значење за справување со кризата предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19“, изјави Љубен Асенков, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во време на оваа вонредна ситуација во која се наоѓа нашата држава и Светот поради
пандемијата од коронавирусот сфативме дека заедништвото и грижата за другиот е она кое
може да ни помогне полесно да ги поминеме овие денови полни со предизвици, се вели во соопштението на „Макпетрол“. Оваа состојба ја сфатија и нашите домашни компании кои со големи заложби го помагаат системот на државата со цел полесно надминување на проблемите и предизвиците во борба против ковид-19.

Компанијата „Макпетрол АД“ изминатиот период реализира низа на активности со цел потпомагање на здравствениот сектор во нашата држава и полесно справување со пандемијата од новиот коронавирусот, ковид-19, донирајќи соодветна медицинска опрема во износ од 3.200.000,00 милиони денари како и ставање на располагање на хотелот „Макпетрол“ во Маврово, кој служи како државен карантин за граѓаните кои се вратија од странство во својата татковина.

Како општествено одговорна компанија не застанаа во анализата на потребите во овој сектор, па за таа цел ја реализираа и оваа соработка со Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, со што ќе се зголеми заштитата од пренесување на вирусот на пациентите и вработените.

Болница „Свети Наум Охридски“ донација Макпетрол Сензорски врати Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.