„Соочени со големиот предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата на Ковид-19, а целосно следејќи ги потребите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство за формирање на државни карантини за населението, одлучивме да го ставиме на располагање нашиот хотел во Маврово, кој располага со 40 двокреветни соби што ќе се користат како легла за изолација или карантин“, се вели во соопштението на нафтениот гигант „Макпетрол“.
Од компанија изразуваат максимална подготвеност за соработка со надлежните државни институции и за спроведување на сите стандарди кои се потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.
„Како општествено одговорна компанија сакаме да придонесеме кон создавање на услови кои ќе овозможат ефикасно справување со кризата која целосно го смени начинот на функционирање на нашата држава, но и на целиот свет. Останете дома, спасете живот“, стои на крајот на дописот на „Макпетрол“.