Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: Америка не ги ферма меѓународните правила и се оддалечува од свои сојузници

0
By Zoran Ivanov on January 8, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 8, 2026 18:27

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот изјави дека „САД се ослободуваат од меѓународните правила“ и „постепено се оддалечуваат“ од дел од своите сојузници, објави „Јуроњуз“.

Мултилатералните институции функционираат сè помалку ефикасно. Живееме во свет на големи сили со реална искушеност светот повторно да се дели, рече Макрон во своето годишно обраќање до француските амбасадори.

Коментарите на Макрон доаѓаат по низа остри изјави од администрацијата на Трамп, кои предизвикаа загриженост кај многу од најблиските сојузници на Вашингтон.

Во фокусот е ескалирачката реторика на американскиот претседател Доналд Трамп околу анексијата на Гренланд – најголемиот остров во светот и територија под суверенитет на Данска.

Идејата САД да го купат Гренланд Трамп ја турка со години, повикувајќи се на стратешката важност на островот, сместен претежно во Арктичкиот круг, и наводната закана по американската национална безбедност. Оваа недела темата дополнително се заостри откако државниот секретар Марко Рубио најави средба со дански претставници за можноста САД да го „преземат“ островот, при што Белата куќа не ја исклучи ниту опцијата за употреба на воена сила.

Како одговор, лидерите на повеќе европски земји заедно со данската премиерка Мете Фредериксен порачаа дека Гренланд, и покрај своето минерално богатство и геополитичка позиција меѓу два континента, припаѓа на неговите жители.

Сепак, Макрон во вторникот изјави дека не верува оти САД би презеле чекори за „нарушување“ на данскиот суверенитет.

Не можам да замислам сценарио во кое САД би се нашле во позиција да го прекршат данскиот суверенитет. Гренланд е територија под суверенитет на Данска и така ќе остане – изјави Макрон на маргините на самитот на сојузниците на Украина.

Фредериксен, пак, изјави дека евентуална американска анексија на Гренланд практично би значела крај на НАТО.

Ако САД одлучат воено да нападнат друга земја-членка на НАТО, тогаш сè би застанало, вклучително и НАТО, а со тоа и безбедносната архитектура по Втората светска војна – изјави таа во понеделникот.

Други потези од Вашингтон во последно време дополнително ја зголемија загриженоста, вклучувајќи ја и одлуката на администрацијата на Трамп во средата да го суспендира учеството во десетици агенции на ОН и други меѓународни организации, со образложение дека нивната работа промовира „воук“ иницијативи.

САД запленија и танкери поврзани со Венецуела и го уапсија Николас Мадуро по обвиненија за нарко-тероризам.

Во средата навечер, Трамп го исмејуваше Макрон во обраќање до републиканските законодавци, раскажувајќи како наводно ја принудил Франција да се согласи да ги зголеми цените на лековите за трипати, заканувајќи се со зголемување на царините за целиот француски увоз во САД.

Трамп тврди дека од Макрон побарал да ги зголеми цените на лековите на рецепт затоа што Американците наводно плаќаат „14 пати“ повеќе од француските потрошувачи.

Според Трамп, Макрон првично одбил, по што американскиот претседател му поставил ултиматум – или да се согласи, или да се соочи со царини од 25 отсто за сите француски производи.

Доналд, имаш договор. Би сакал да ги зголемам цените на лековите за 200 проценти или колку и да сакаш. Што и да сакаш, Доналд, само те молам немој да ѝ кажеш на јавноста, рече Трамп, имитирајќи го Макрон.

Ниту Макрон, ниту француската влада досега не одговориле на изјавите на Трамп.

 

накрон САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.