Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон го потпиша законот за труд и покрај масовните протести

0
By Нова ТВ on September 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во директен телевизиски пренос ги потпиша директивите со кои стапува на сила реформираниот Закон за труд, едно од неговите главни предизборни ветувања.

Макрон измената на Законот за труд ја искористи за посебна процедура благодарение на која можеше да спроведе реформи без дебата во Парламенот, што неговите противници ја критикуваа како знак на авторитаризам.

При потпишувањето, Макрон рече дека се работи за „бран промени без преседан“, за француски социјален модел со кој се зголемува флексибилноста на законот за труд и дека промените „се спроведени во рекордно време“.

Макрон потпиша пет укази со кои се отвора пат за реформа на законодавството што го регулира трудот чија цел е поттикнување на економскиот раст.

Со новиот закон на работодавците ќе им се овозможи полесно да отпуштаат и да вработуваат работници, ќе се поедностават преговорите меѓу работодавците и работниците и ќе се намалат овластувањата на националното колективно преговарање.

Макрон тврди дека реформите се неопходни за јакнење на стагнурачката француска еконоија и за зголемување на бројот на работните места.

Претседателот рече дека првите мерки ќе бидат преземени следната недела.

Предложените реформи предизвикаа протести низ целата земја.

Десетици илјади луѓе протестираа во Париз и во други градови изминативе денови поради реформите на законодавството за труд на Макрон, Лидерот на крајната француска левица ги повика граѓаните да излезта на протести и денеска.

Првите демонстрации на синдикатите на работниците и конфередерациите во Франција против реформите се одржаа на 12 септември и ги поддржаа 400.000 луѓе.

Тоа беа првите демонстрации на улиците откако Макрон беше избран за претседател во мај.

Закон за труд Макрон протести Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.