Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малолетничка порнографија во групата „Јавна Соба“, Обвинителството трага по креаторите

0
By Нова ТВ on January 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 26, 2020 14:24

Групата „Јавна Соба“ на социјалната мрежа Телеграм каде се објавуваат интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови го вклучи алармот кај институциите. Бирото за јавна безбедност од синоќа, по откривањето во јавноста, покрена истрага во која се очекува да се откријат администраторите и членовите на затворената група.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.

„Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група. Во исто време, сакам да апелирам до сите нас, до родителите, образовните институции за поголем надзор врз децата и навремено да се реагира и во семејствата и во улиштата“, рече Спасовски, кој додаде дека и порано имало вакви случаи што се расчистувале.

До сега нема ниедна пријава од родители на девојчињата за злоупотреба, потврди дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриjељ.

Фото: emagazin.mk

„Се координираме со МВР и со МОН. Упатувам апел до сите родители  чии девојчи се изложени,  да се обратат до Центрите за социјална работа, кои во соработка со МВР ќе постапуваат. Со МОН веќе договоривме стручните служби во училиштата да преземат мерки“, рече Шкриjељ.

Според информациите кои се споделуваат на интернет, дел од фотографиите се превземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска содржина.

Како што објави Радио МОФ, вакви информации пристигнале до редакцијата, по што тие успеале да влезат во групата и откриле фрапантни податоци – групата постои околу еден месец, има над 7.400 членови, а зачленување оди преку испраќање приватни пораки, по што автоматски си дел од групата. За случајот веќе јавно проговореа и професорите.

„Институциите се на потег. Ова е аларм за сите нас – најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа“, алармира професорката Тамара Ќупева, која појасни што точно се случува во затворениот круг членови.

„Јавна соба“ е името на групата што деновиве се шири меѓу средношколците во Скопје и низ другите градови. Станува збор за група која е креирана на апликацијата Telegram. Комуникацијата е идентична на Вибер – комуникацијата. За неполни три дена се зачлениле повеќе од 7300 членови. Членовите на оваа група, во слободна, отворена ( вулгарна) комуникација со другите членови, споделуваат и коментираат експлицитни фотографии од девојчиња од различни градови. Тоа се најчесто оригинални порнографски слики и видеа. Дел од тие фотографии се лажни, но се поврзуваат со конкретни имиња, така што девојчето – жртва нема можност да докаже дека таа не е всушност девојката на фотографијата“, напиша меѓу другото професорката.

Таа нагласи дека ова е аларм за сите нас – најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа.

„Ова е крајно загрижувачка, сериозна опомена дека децата, воспитанието и нивното образование се најзапоставените приоритети. Очигледно е дека во нашата лична, секојдневна и поширока, општествена агенда – тие дефинитивно се на последното место“, напиша професорката.

истрага малолетничка порнографија Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.