Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Чулев во Крушопек загрози меѓународна акција за борба против дрога

0
By Нова ТВ on February 21, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: meta.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Кога сегашниот технички премиер, Оливер Спасовски го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи (МВР) во 2017 година имаше само 1.000 пасоши во депото што е ужасно мала бројка, но проблемот се реши за кратко време. Сега има многу повеќе, тендерот истекува и убеден сум дека техничкиот министер Наќе Чулев нема да биде во можност да најде решение што Владата во многу скоро време“, рече Бојан Маричиќ, главен технички преговарач на Македонија со Европската Унија, во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М. 

Тажна е сликата, вели тој, „да видите дека по доаѓањето на Чулев во МВР има масовен проблем за вадење на лични документи, пасоши, патни исправи“. Овој проблем, но и со поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, ги оцени како „терање на лични и партиски агенди со што се крши Уставот и Законите и се доведува во прашање функционирањето на системот со цел да се помогне на ВМРО-ДПМНЕ на избори“.

Според Маричиќ, и заплената на кокаин во село Крушопек и апсењата „се тажна слика за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри ги водат институциите во последните неколку недели во кои им е дадена можност според законот за Влада“.

„Во трка по ексклузивни информации и покритие на овие лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ дека нивниот технички министер се бори против криминалот и корупцијата, во трка по поткрепа на таа лажна слика, за жал, се доведе во опасност една сериозна меѓународна акција за борба против дрога. Акција беше работена повеќе од година дена, почната во време кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи и за еден килограм кокаин се доведе во прашање цела меѓународна акција за 1,3 тони“, додаде Маричиќ.

Техничката Влада, согласно Пржинскиот договор, со министри од опозицијата во неа, истакна Маричиќ, се формира за организација на мирен и фер изборен процес, „а не поради промоција на нови политики и докажување дека се подобри од некого и затоа се прават вакви киксови“.

акција Бојан Маричиќ Крушопек МВР Наќе Чулев Патни исправи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.