Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ – Лирман: Сите предуслови за почетокот на пристапните преговори се исполнети

0
By Biljana on January 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија и порача на земјава дека реформите и доброто влаеење мора да продолжат бидејќи без консеквентна борба против корупцијата ниедна земја не може да се развива.

„Во однос на Северна Македонија, ЕУ стои на својот збор, сите предуслови за почетокот на пристапните преговори се исполнети и пристапните преговори со ЕУ со вашата земја и со Албанија треба да започнат. За нас и понатаму е важно, билатералните прашања мора да бидат билатарално решени и тоа независно од пристапниот процес со ЕУ“, рече министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, која на денешниот прв работен ден на новоизбраната Влада на мандатарот Димитар Ковачевски пристигна во официјална посета на Севрна Македонија.

Според вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, утрешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков е добар сигнал за отворање на еден нов процес, бидејќи како што рече од двете страни на границата има нови влади на кои треба да им се даде шанса да ги извлечат научените лекции од досегашниот тек на процесот и да ги забрзаат напорите за решавање на отворените прашања.

Во однос на временската рамка за која зборуваше новоизбраниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, од шест месеци за изнаоѓање на решение, вицепремиерот Маричиќ вели дека не е добро ниту за граѓаните ниту за процесот да се спомнуваат временски рамки бидејќи тоа до сега не донело успех.

„Мислам дека утрешната посета ќе биде добра за воспоставување на динамиката во којаш што ќе се формираат и ќе работат и работните групи и двете Влади на изнаоѓање на решенија за отворените прашања, затоа за нас е многу важно да влеземе во процесот суштински, искрено и со добра волја и доколку така влеземе и двете страни, и нашата Влада и бугарската Влада верувам дека ќе можеме да најдеме динамика која ќе ја тргне блокадата“, рече Маричиќ без да се врзува за конкретни рокови.

Тој смета дека силните заложби на Германија за интеграција на Северна Македонија даваат дополнителна вредност на она што досегашната Влада со голем ангажман и искрена волја го работеше, а оваа нова Влада ќе продолжи да го работи со уште поголем интензитет, а тоа е воведувањето на европските стандарди и вредности дома.

„Одлучни сме како Влада и понатаму да го следиме овој пат, а за отворените прашањакои република Северна Македонија ги има со Бугарија да разговараме отворено и принципиелно. Од големо значење за целиокупниот преговарачки процес ќе биде и ЕУ да даде свој придонсе со кој што ќе покаже дека се уште е жива агендата за проширување.  Отпонување на процесот на преговори е нашиот клучен надворешно политички приоритет, заедно со регионалната стабилност, бидејќи нашите граѓани заслужуваат да живеат во современа, безбеднс и просперитетна земја која нуди еднакви можности за сите“, рече Маричиќ.

Додаде дека полноправното членство во ЕУ е стратешка цел на Владата и оти власта останува целосно посветена на реформскиот процес, очекувајќи позитивен исход од дијалогот со Бугарија и одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и државите членки на ЕУ.

По однос на изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во Република Бугарија, Маричиќ е дециден дека Република Северна Македонија останува на праксата за немешање во внатрешните прашања на било која соседна држава, што е и обврска од Уставот.

„Не е на Северна Македонија да кажува каде какво како малцинство има во некоја држава во регионот. То е внатрешно прашање на сите држави вклучувајќи ја и Бугарија. Секоја група на луѓе, етничка заедница или политичка партија или здружение имаат право да си ги барата своите правата преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и преку Европската конвенција за заштита на човековите права. Во таа смисла изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во било која држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане. Тоа е наша уставна обврска“, рече новоизбраниот вицепремиер за европски прашања.

(Б.Б.)

Ана Лирман Бојан Маричиќ Германија ЕУ македонско-бугарски односи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.