Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

0
By Соња Крамарска on December 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, учествуваше на панел-дискусија посветена на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, на која истакна дека е клучна политичка волја на Европската Унија за поинаков пристап и конкретни чекори кон Западен Балкан.

„Она што е важно за политичка волја на ЕУ е таа да е проследена со конкретни чекори, но и со конкретен план за зачленување на државите од Западен Балкан. Но, мора да се спојат двете политички волји, политичката волја за проширување од страна на Европската Унија и политичката волја за реформи од страна на државите од Западен Балкан“, рече Маричиќ.

Според него најважно е сега ЕУ да биде заедно со државите од Западен Балкан и да остане присутна во регионот, при што го поздрави и утрешниот самит на ЕУ-Западен Балкан во Тирана, велејќи дека тоа е позитивен сигнал сам по себе, по прв пат сите лидери на Европската Унија да дојдат во нашиот регион и да заседаваат негде надвор од Европската Унија, заедно со државите од Западен Балкан.

Маричиќ, посочи дека војната во Украина наметна ЕУ повторно да размислува за нејзината геостратешка позиција и цел, при што на маса се стави повторно концептот на Европската Унија како мировен и политички проект.

„ЕУ е мировен и политички проект. Инаку да не беше така немаше воопшто да дискутираме дали треба Украина да биде членка на Европската Унија или не, и останатите држави од тој регион“, истакна Маричиќ.

Маричиќ зборуваше и за сегашната перцепција на граѓаните од Западен Балкан за членството во ЕУ, дека е тешко достижно членството во Унијата и кажа дека борбата со таа перцепција може да ја добиеме само доколку има реформи.

„Тоа неопходно да се направи од наша страна, од страна на државите од Западен Балкан и сите влади, и тоа силни реформи, искрени и без импровизација, а од друга страна, за да тоа има ефект, и за да може да имаат навистина политичка тежина тие реформи, мора да има јасна политичка волја од страна на државите членки на ЕУ, исто така искрено и без импровизации, да дојдеме до точка на членство што побрзо“, потенцираше тој.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ денеска учествуваше на конференцијата: „Интензивирана соработката: заживениот Берлински процес и иднината на регионалниот Соработка во Југоисточна Европа“, организирана од Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) и германската амбасада.

 

Бојан Маричиќ ЕУ преговори реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.