Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марк Руте по трет пат премиер на Холандија

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 12:00

Либералот Марк Руте потворно и по трет пат ќе биде премиер на Холандија.

Партијата на Руте ВВД победи на последните избори на 15 март иако загуби 8 места во Парламентот. Во новата коалиција влегуваат демо-христијаните ЦДА, прогресивните либерали од партијата Д66 и малата евангелистичка партија Здружени христијани. Оваа партија беше повиката во коалицијата откако пропаднаа преговорите со партијата на зелените околу мигрантите.

Оваа хетероклитна коалиција има кусо мнозинство од 76 седишта од вкупно 150 колку што брои холандскиот Парламент па прашањето е колку време ќе може да трае оваа влада.

Освен кусото мнозинство, партиите во коалицијата се разликуваат по многу нешта. Така на пример Д66 е прогресивна по многу етнички и општествени прашања додека демо-христијаните од ЦДА се против абортус и еутаназија. Д66 е партијата со најевропски ставови додека ЦДА беше поддржувач на излез од Холандија од ЕУ и еврозоната.

Опозицијата во Холандија ќе биде силна. Во неа влегуваат социјалистичката партија која претставува радикална левица и лабуристите од ПвдА кои загубија многу гласови на изборите. Во опозиција се и популистите, исламофоби и анти-ЕУ на Герт Вилдерс од ПВВ.

Изборите во оваа земја се одржаа пред 209 дена со што беше урнат холандскиот рекорд на период без влада. Последниот датира од 1977 година. Европскиот рекорд го држи Белгија со период од 541 ден без влада по последните парламентарни избори.

Влада Марк Руте Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.