Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Марш за демократија“ на АА/А: ДУИ е арамија на албанската политичка волја

0
By Нова ТВ on July 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Држава што ги почнува преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ) не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човечко и политичко право во ЕУ, порачаа од коалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива од вечерашниот „Марш за демократија“ во Скопје. Според нив, ДУИ не е победник на изборите и нема легитимитет да го застапува албанскиот народ во Северна Македонија.

Лидерите на Алијанса за Албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ од маршот упатија две барања до земјите – членки на ЕУ: да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик.

„ДУИ не е победник на овие избори, туку е арамија на албанската политичка волја. Може да ја има легалноста според Државна изборна комисија, но никогаш нема да има легитимност за застапување на албанскиот народ во Северна Македонија. Ако сме земја која има за цел европска интеграција, слободата и демократијата треба да бидат клучен збор за оваа интеграција. Бараме од земјите на Европската унија, да се ​​осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија, како и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик за идните избори, како што оценија, да станат пример дека нашата земја ги исполнува европските стандарди за фер и демократски изборен процес“, беше порачано од собирот.

За организаторите, изборите на 15 јули се најнедемократските што некогаш биле одржани во земјава.

„Овие избори уште еднаш докажаа дека демократијата кај Албанците е безначајна идеја, зашто зборот „избори“ во албанскиот политички камп стана еквивалентен на зборот кражба. Манипулацијата со волјата на албанските гласачи, што веќе се случува на неколку изборни циклуси и која беше брутално истакната особено на последните избори, е аларм за нас дека ако не реагираме денес, утре може да биде предоцна. Како партија, може да се повлечеме од оваа нееднаква и нефер трка за нас, но се плашиме дека албанските гласачи ќе се лизгаат кон диктатурата и на долг рок може да има непожелни и непредвидливи импликации не само за Албанците кои денес се жртви на државно фаќање“, сметаат АА и Алтернатива.

Според нив, купувањето на гласови, рекетирањето на гласачи, корупцијата, заплашувањето, узурпацијата на слободата на избор, гласањето за луѓе кои не се тука, злоупотребата на записници и други манипулации со правото на глас се сигнали дека албанското општество во Северна Македонија е заробено од каста мафијаши.

„Овој начин на организирање на изборите, покрај тоа што става дамка на демократијата кај нас, предизвикува и обесхрабрување кај албанските граѓани да учествуваат на изборите кога веќе се знае резултатот и уште повеќе, ја убива демократијата, претворајќи се во монизам, диктатура или поточно демократија што како резултат може да има акумулирано незадоволство кое може да еруптира во незамисливи форми“, потенцираа од двете партии.

Тие најавија дека борбата за демократија ќе продолжи. Веќе имаат, потсетија, пратеници кои, независно дали како дел од мнозинството, ќе бидат гласот на Албанците.

Маршот почна во 19 часот од паркот во Чаир, продолжи преку улицата „Цветан Димов“, кај трговскиот центар „Мавровка“, потоа приврзаниците на АА и Алтернатива мина покрај Владата, а собирот заврши пред канцелариите на Делегацијата на ЕУ.

Покрај албанските, можеа да се забележат и американски и знамиња на ЕУ, а меѓу транспарентите во првите редови беа оние со пораките „Нашата демократијата беше хакирана“, „Крадци во затвор, не во Владата“, „Нè направивте сиромашни за да нè купите“ и „Државен изборен криминал“. Додека минуваа крај Владата, некои од учесниците ја исвиркуваа и скандираа.

Учесниците на маршот постојано беа придружувани од полицијата, а имаше и редари ангажирани од организаторите. Иако беше најавено дека ќе бидат запазени сите заштитни мерки согласно корона протоколот, сепак, дел од учесниците не носеа заштитни маски или ги носеа, но под устата.

Алијанса за Албанците Алтернатива ДУИ ЕУ Избори 2020
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.