Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опомени, па казни за неносење маски: Глоба за физички лица 20 евра, за правни 2.000 евра

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прво опомени, а потоа и казни ќе добијат оние граѓани кои не ја почитуваат мерката за задолжително носење на заштитната опрема за носот и устата, која заедно со мерката за олеснување на ограниченото движење, почна да се применува од вчера. Воведените мерки, како што информираат од Министерството за здравство, се клучни во превенцијата од ширењето на коронавирусот.

Граѓаните, како заштитна опрема може да користат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично, кои ќе  овозможат прекин на преносот на вирусот. Глобите за физичките лица кои нема да ја почивуваат мерката се 20 евра, за правното лице 2.000 евра, а за одговорното лице во правното лице 500 евра.

„Носење на заштитната опрема за покривање на носот и устата е задолжително во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метрa меѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично“, информира Министерството.

Оваа заштитна опрема не е задолжителна при престојот во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри.

Што се однесува до мерката за олеснување на забраната за движење, граѓаните не смеат да се движат секој работен ден, од понеделник до петок од 19 часот до 5 часот наутро. Лицата над 67 годишна возраст може да се движат секој работен ден од 5 до 12 часот. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот.

За време на викендите, забраната за движење ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 до 11 часот наутро, а младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.

Со олеснувањето на рестрикциите во движењето, неколку дуќани, бутици, цвеќари во одредени општини веќе почнаа да работат со скратено работно време.

Во Куманово, сопствениците на трговските објекти претпазливо го најавија почетокот на работата на социјалните мрежи. Најголем дел од нив ќе работат со скратено работно време од 11 до 15 часот, додека во сабота ќе работат од 11 до 13 часот, согласно препораките на Владата. Тие посочуваат дека ќе пуштаат по еден купувач, согласно уредбата на Владата. Граѓаните, како што велат, се должни да носат маска и ракавици при влегување во дуќаните.

„Ние ќе држиме дистанца од два метра. Со нови сили, позитивни мисли од наша и од страна на клиентите, очекуваме да ја пребродиме кризата, затоа што сметаме дека само заеднички може да опстанеме во ова време-невреме. Ќе се потрудиме да бидеме пофлексибилни во однос на цените и отворени за секаков вид соработка, со цел да помогнеме да се раздвижи локалната економија“, вели сопственичка на цвеќарница од Куманово.

Од денеска стапи на сила и укинувањето на забраната за движење во шума и на шумско земјиште. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ во текот на вчерашниот ден ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на 16 април годинава.

„Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, на барање на ЈП „Национални шуми“, ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште“, истакна Димковски.

Сепак, и по укинувањето на рестриктивните мерки, како што истакна министерот за здравство, Венко Филипче, животот нема да биде каков што бил. Мерките, како што додаде, ќе останат се додека не се пронајде вакцина за коронавирусот. Тој додаде дека на есен, кога се очекува нов пик, ќе има поинаква организација на многу животни процеси. Ќе остане носењето на маска, дистанца при седење во училиштата, во рестораните, на работните места, во големите производствени сали.

„Животот нема да биде ист како што беше. Не само кај нас, туку и во светот. Секоја држава има своја специфика, но универзалните мерки остануваат, а тоа се одржувањето на физичка дистанца, носењето маски, да нема групирање. На есен, кога се очекува нов пик, ќе имаме поинаква организација на многу животни процеси. Нема исто да биде организиран и јавниот превоз. Значи, секаде ќе треба да се одржуваа оваа дистанца од метар, метар и половина. Тоа ќе биде така до појавата на вакцината и на таков начин да се стекне имунитет“, истакна министерот Филипче.

Глоба Коронаворис Македонија маска мерка Ракавици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.