Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матичните лекари најавуваат протест, утре ќе работеле само со итни пациенти

0
By Biljana on February 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 17, 2022 15:10

Матични лекари на последна координација пред утрешниот протест. 

Револтирани од казните кои ги добија од Фондот за здравствено осигурување за административни пропусти уште од 2019 година, дел од лекарите од примарното здравство за утре најавуваат протест.

Од Здружението на приватни лекари велат дека, во текот на утрешниот ден,  нема да пружаат помош преку системот „Мој Термин“, освен за пациентите кои ќе имаат итна потреба од матичен лекар.

„Примарното здравство не може да го издржи финансискиот товар, покачувањето на минимална плата и трошоците за живот од една страна, но од друга се соочуваме со казнена политика од административен карактер“, велат од Здружението.

Најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе имаат средба со заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски за да поразговараат околу актуелните проблеми кои ги мачат лекарите од примарното здравство.

Матичните доктори, преку социјалните мрежи ги повикаа своите пациенти во ординациите навремено да ја набават хроничната терапија, бидејќи утре нема да може да ги услужат.

Тие алармираат оти дел од матичните доктори веќе размислуваат за затоврање на своите ординации бидејќи, како што велат, не можеле да ги издржат финансиските трошоци.

НоваТВ праша во ФЗО дали ќе се најде решение за оваа состојба и дали матичните лекари, сепак ќе мора да ги платат примените договорни казни. Оттаму ни рекоа дека одговор ќе добиеме во текот на утрешниот ден.

На почетокот од годинава, пред Божиќ, матични лекари добиле решенија за казни за нивните ординации, за прекршоци од 2019 година, поради административни грешки во работењето. Изречените казни биле за препишани лекарства кои пациентите морале да ги добијат, а за кои била потребна препорака од специјалист, која има важност од една година. Тогаш од Здружението на приватни лекари реагираа дека „администрацијата испаднала поважна од здравјето“.

Од Фондот за здравство, во писмената реакција на забелешките на матичните лекари, тогаш посочија оти тие изминатиот период ја олесниле казнената политика спрема здравствените установи.

„Во текот на 2019 година, со склучување на анекс на договори беа драстично намалени договорните казни. Воведен е мораториум – мирување, одлагање за изрекување на договорни казни за период од 01.01.2019 до 30.06.2019 година. Во текот на 2020 година, Фондот значително ги намали контролите во здравствените установи, со цел да излезе во пресрет на лекарите кои се справуваа со пандемијата на Kовид-19. При разгледување на записниците од извршените контроли во здравствените установи, ги зема во предвид сите олеснителни околности, со тоа што за сторени повреди на договорните обврски кои опфатија период на важењето на два договора, секогаш ја изрекуваше помалата договорна казна“, стоеше во реакцијата на Фондот за здравство.

Од Фондот посочија дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, следејќи ги препораките на Светска здравствена организација (СЗО), донеле низа мерки заради спречување на ширење на коронавирусот.

„Продолжено е важењето на специјалистичките извештаи, отпусни писма и конзилијарни мислења на повеќе од една година, заради непречено издавање на рецепти, боледување и ортопедски помагала на осигурените лица. Избраните лекари во периодот на траење на мерката не ги повикуваа осигурените лица на превентивни прегледи. Избраните лекари имаат право да препишуваат лекови на рецепт од Листата на лекови на товар на Фондот – антибиотици и анксиолитици – над дозволениот лимит, кои се неопходни при третман и лекување на осигурените лица заболени од коронавирусот“, велат од ФЗО.

Договорните казни кои ги добија матичните лекари на почетокот на минатиот месец поттикнаа и реакција од Лекарската комора. Комората побара од ФЗО да ги повлече или да ги ревидира казните и истовремено да ја промени казнената регулатива.

Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на матични доктори од 1.800 се намалил на околу 1400.

(Б.Б.)

матични лекари Мирен протест пациенти терапија ФЗОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.