Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиазона, руски независен проект за утврдување на вистинските загуби на руската војска

0
By Marta Pesevska on December 18, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Уништени тенкови кај Мариупол, 3 март 2022
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медиазона е независна руска новинска куќа, во соработка со сервисот на Би-Би-Си на руски јазик и десетина анонимни доброволци во Русија, составува список врз основа на информации од извори како написи во весници, фотографии на надгробни споменици, објави на војници кои тагуваат за своите соборци, па дури или дојави од роднини кои сакаат нивните најблиски да бидат вклучени во црниот биланс.

Списокот веќе надмина 10.000 имиња, вклучително и повеќе од 400 Руси кои беа регрутирани во септември и октомври.

„Ако руската влада не ги брои руските жртви, тогаш некој мора да го стори тоа“, изјави за Њујорк Тајмс Дејвид Френкел, еден од четворицата „рудари“ на податоци од Медиазона.

„За нас е важно да им ја објасниме на Русите цената на војната“, додаде тој. „Ако не ги разберат трошоците од сликите на опустошените украински градови, тогаш можеби бројот на загинати Руси ќе ги натера да размислуваат за тоа“ – вели Френкел.

Руската влада грчевито се обидува да го избегне токму тоа – да го соопшти бројот на жртвите од војната што ја започна со инвазијата на Украина на 24 февруари. Русите го ажурираа бројот точно двапати: еднаш на крајот на март и повторно во септември, кога рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рече дека од почетокот на војната биле убиени 5.937 руски војници.

Официјалниот број на убиени војници, на кој инсистира Кремљ, е значително помал од процените на западните воени и разузнавачки експерти. Генералот Марк А. Мили, кој е на чело на американскиот Здружен Генералштаб, на пример, во ноември изјави дека жртвите на Москва бројат „повеќе од 100.000 убиени и ранети руски војници“.

Воените аналитичари имаат различни ставови за проектот. Некои претпочитаат да работат со проценки на вкупниот број загинати, наместо со делови од вкупниот број. Други истакнаа дека работата била особено корисна во идентификувањето на моделите на однесувањето на властите и на директно погодените од воените загуби.

„Проектот е корисна слика на руските дефекти и загуби“, вели Каролина Хирд, руска аналитичарка во Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон. „Знаеме дека руските власти, едноставно, не ги презентираат загубите вистинито.“

Секојдневното следење информации за мртви луѓе е тешко за менталното здравје, велат од тимот на Медиазона. На Литаврин, член на тимот, му се врежало сеќавањето на еден 40-годишен маж кој имал мирен, редовен живот и ќерка, а се пријавил како доброволец во август. Бил убиен само две недели подоцна на бојното поле.

„Се прашував што си мислел човеков“ – вели Литаврин – „Страшно е.“

Подготви: Дескот на ЦивилМедиа

воени загуби војна Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.