Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медицински персонал од Балкан – одличен бизнис за посредници

0
By Нова ТВ on January 12, 2020 ВЕСТИ
Фото: globalhealthnewswire.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 12, 2020 13:40

Германските клиники плаќаат и до 15.000 евра за посредништво во регрутирање медицински персонал од Западен Балкан. Одличен бизнис за посредниците, кој за некои е на граница на трговија со луѓе.

Невена Пејиќ (името е сменето) имала добро платена работа, но прилично необична. Не била ниту рецепционерка, ниту собарка, а сепак пред две години работела во хотелот „Славија“ во центарот на Белград. Хотелот бил пребукиран како и вообичаено, а неколку соби биле набрзина преправени во училници. Зад тешките завеси седеле повеќе од стотина луѓе од утро до вечер и учеле германски јазик. Невена била професорката.

Фото: hotelroomsearch.net

„На овие луѓе им беше ветено работно место во Германија, веднаш штом го совладаат јазикот на задоволително ниво. Престојот во „Славија“, исто така, им беше платен, како и оброците, а добиваа и некакви дневници“, се присетува Пејиќ.

Посредничката агенција „Артигум Менаџмент“ се рекламирала со тврдење дека има „германски работодавачи“. Токму затоа во Србија биле дојдени многу луѓе и од соседните земји, како Северна Македонија и Босна и Херцеговина со цел за само четири месеци да научат германски на Б2-ниво. Речиси невозможна мисија, вели професорката.

„Многумина се откажаа, бидејќи многу беше тешко да се постигне целта. Дел од нив се жалеа дека биле излажани од агенцијата. Тие си ги оставиле семејствата и ги вложиле сите надежи во тоа“, објаснува таа.

 

Фото: tvornicastranica.com

Ова е само еден од бројните примери од „имиграциската индустрија“, која е израсната од балканската мизерија и големата потреба на Германија за медицински персонал. Со години посредничките агенции и нивните посредници бараат и регрутираат персонал во земјите од Западен Балкан за германските клиники и старечки домови кои плаќаат дебели суми за посредување.

Се бара медицински персонал

Германската агенција за работа, при последното пребројување, има регистрирано вкупно 50.000 лица во медицинскиот сектор од шесте земји од Западен Балкан. Тоа се околу 6.500 луѓе повеќе во однос на годината пред тоа.

Фото: deutschlandfunk.de

Пред сè се бара персонал за нега од Западниот Балкан. Тие треба барем да ја ублажат побарувачката – според прогнозите, во следните пет години во Германија ќе недостасуваат околу 200.000 негуватели.

„Нема поента да се рекламира работно место во Германија. Никој не се пријавува“, вели директорот за човечки ресурси на голем ланец на старечки домови, кои нудат сместување на 7.000 стари лица. Во меѓувреме, тие се подготвени да им платат на посредниците околу 10.000 евра по медицинско лице.

И покрај тоа што беше претходно договорено, овој ланец одби да ни даде официјално интервју и тие не се единствените кои сакаат оваа тема да ја држат подалеку од медиумите. И германските агенции за посредништво зборуваат за парите само во моментот кога ќе се исклучи микрофонот.

Фото: dw.com

Многу посредници велат дека добиваат и до 15.000 евра за една негувателка која ќе ја донесат од Балканот во Германија. Оваа сума се дели со училиштата за јазик и локалните посредници. Оваа индустрија има обрт од повеќе стотици милиони евра годишно и не се држи многу до правила.

Зимон: Ова за мене е трговија со луѓе

Во малата канцеларија во предградие на Келн, Кај Зимон се смешка неволно кога слуша вакви приказни. Тој е шеф на посредничката агенција „ИПП Хелт“, една од најголемите која регрутира персонал на Балканот.

„Почетокот во Германија е навистина тежок. Доколку агенцијата на луѓето им ветува нереални нешта, тогаш е уште потешко“, вели Зимон.

Фото: facebook

Класична измама, според него, се ветувањата за огромни плати, намерно мешање на нето и бруто примања, бајки од типот дека вработениот може да си го земе семејството со себе.

„И потоа доаѓаат во Германија, тука е студено, врне, семејството е далеку, а и парите не се оние кои им биле ветени. Тогаш луѓето „пукаат“. Навистина е лошо луѓето да се носат во Германија со лажни ветувања. Тоа за мене е трговија со луѓе“, вели Зимон.

Еден друг агент, кој сакаше да остане анонимен, признава дека се обидува да примами луѓе по клиниките во Западниот Балкан. За таа цел е врзан со неколку медицински сестри.

Фото: sarajevotimes.com

„Тие ми се јавуваат и велат „имам три колешки кои сакаат да заминат во Германија“. Ако сè се договори, тие од мене добиваат по 300 ева по човек”, признава тој.

Посредниците точно знаат што може да им ги помати сметките. Ќе останат со празни раце ако плаќаат и училишта по странски јазик и инвестираат во кандидат кој потоа од некаква причина, сепак, не би склучил договор со работодавецот.

Затоа агенцијата „Про Серт“ од Крагуевац предвидува договорна казна од 3.000 евра за таквите кандидати, што е половина просечна годишна плата во Србија. Некои договори, во кои нашата редакција имаше увид, покажуваат дека клаузулата се активира ако кандидатот се откаже, замине во Германија преку друга агенција, или ги одбие првите две понуди за работа од „Про серт“.

Агенцијата соработува со академијата „Декра“, а тоа име веќе е гаранција за квалитет за работодавците во Германија. Но, шефица на академијата во Србија е токму Александра Талиќ, која до април во 2019 година беше на чело на контроверзната „Про серт“. Така се затвора кругот – „Декра“ обучува кандидати на пет места во Србија, „Про серт“ ги носи во Германија и наплаќа за тоа.

Фото: linkedln

„Кандидатите треба само да учат и да положат тестови”, вели Талиќ.

За казните кои им се закануваат на оние што ќе прекинат таа вели:

„Ако нема реални причини за тоа, на пример кандидатот да има недостатоци, мора да повлечеме граници и да го присилиме, или подобро речено – да помогнеме да донесе одлука“

Има и класични измамници

Марио Рељановиќ често се занимава со такви договори. Правникот од Белград смета дека драстичните казнени клаузули се без основа. Но, има и нешто пострашно.

„Во оптек се и договори кои очигледно се измамнички. Тие содржат скриени трошоци за кандидатот или многу неповолни работни услови, како на пример 12 работни часа дневно, 7 дена во неделата“, вели Рељановиќ и појаснува дека „тоа е против германското и српското трудово право“

Но, побарувачката расте. Секоја година околу 200.000 лица ги напуштаат шесте балкански држави, односно еден процент од населението годишно. На иселеничката индустрија бизнисот ѝ цути, иако некои посредници не успеваат да се одржат на пазарот.

Фото: novi.ba

Во хотел „Славија“ повторно е помирно. Невообичаената клиентела, иселениците, се заминати, а и агенцијата „Артигум менаџмент“ веќе не постои. Тогашната директорка ги исклучила сите телефонски броеви. Дали бизнис моделот не успеал?

Наставничката по германски јазик Невена Пејиќ вели дека чула гласини оти агенцијата и натаму работи, но под друго име. Таа и други наставници тогаш останале без работа, последните плати никогаш не им биле исплатени. Невена сега држи приватни индивидуални часови во својот дом и зема пари на рака.

„Најчесто се работи за членови на семејството кои отпосле треба да му се приклучат на некој иселеник”, вели таа.

Ова истражување беше овозможено преку програмата за стипендии “Reportes in the Field”, проект на фондацијата Роберт Бош и невладината н-ост, а објавено во Дојче веле.

Германија Западен Балкан Иселеничка индустрија Медицински персонал Посредници работа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.