Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медицински сестри со ултиматум: Нови кадри или колективно заминуваме

0
By Менче Атанасова Точи on August 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Кожното одделение, но и на други оддели во болницата„8 Септември“ им се заканува опасност од затворање бидејќи нема доволно медицински сестри за нормално да се извршува работата. НОВА дознава дека медицинските сестри од Кожно одделение  потпишуваат  петиција со која му поставуваат ултиматум на директорот дека „доколку не се вработат уште медицински сестри тие колективно ќе си заминат од болницата“.  Образложението кое написмено ќе го достават до директорот е дека не можат да издржат толкав обем на работа и чести дежурства. Директорот  Сашо Стојчев за НОВА потврди дека во болницата се потребни 200 нови медицински сестри, не вклучувајќи ги тука лаборантите, физиотерапевтите и рентген техничарите. Но за да се ублажи состојбата, тој вели дека  може да се почне со 60 нови вработувања на медицински сестри.

„Немаме медицински сестри кои ќе работат попладне. Ќе мора да затвориме некои одделенија во болницата доколку вака продолжи работата. Во докторите и медицинските сестри во кожното одделение се уморни. Таму има 10-15 болнички и уште толку амбулантски кревети, така што имаат доста работа“, изјави за НОВА Стојчев.

Тој потенцира дека очекува да биде повикан на средба во Министерството за здравство за да се види со каков и колкав капацитет се располага, што се планира,  и како што рече, се надева дека за проблемот ќе се разберат како што треба.

Од  Министерството за здравство нема одговор на прашањето на НОВА, што планираат да преземат за да се ублажи состојбата во болницата за да не дојде до затворање на некои одделенија.  Што се случува со новите 350 вработувања што ги најави министерот Тодоров? Иако Тодоров изминатиот период тврдеше дека  конкурсите се во тек, а болниците можат да распишуваат огласи бидејќи самите се должни да им обезбедуваат плати од сопствените буџети, сепак директорите тврдат дека тоа е невозможно додека не добијат согласност, од Министерството за финансии.

„Доколку не добиеме финансиска согласност не можеме да распишеме конкурс, ниту да ги пријавиме луѓето во Агенцијата за вработување. Тоа е кривично дело“, тврдат директори на болници за НОВА.

За познавачите на проблематиката, нејасно е како Министерството за здравство бара од болниците да распишат огласи, а со тоа ги тера да прават кривично дело. Дали е можно една ваква институција да не ги познава законите или новите 350 вработувања се само политички маркетинг.  Од Министерството засега молк иако пред годишните одмори на големо ги најавуваа новите вработувања.

За тоа време Болницата „8 Септември“се снаоѓа со преземање и префрлање на медицински сестри од еден оддел на друг. Но, не знаат до кога ќе издржат така, со оглед на тоа што имаат зголемен обем на работа, а најголем дел од пациентите од државата се праќаат во болницата. Само во првите шест месеци од годината во болницата имало 9672 хоспитализирани пациенти, за разлика од лани кога за цела година имало 6500 пациенти. Досега имало 150 000 амбулантски прегледи, потврдуваат од болницата. Ситуацијата станува уште поалармантна  бидејќи има огромен одлив на медицинските сестри кои забрзано учат германски јазик и заминуваат на работа во Германија или други европски земји.

 

 

 

заминуваат медицински сестри недостиг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.