Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиу, лидер на албанските Републиканци: Живееме во банана Република

0
By Нова ТВ on December 2, 2018 СВЕТ
Фото: telegrafi.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на опозициската Републиканска партија во Албанија, Фатмир Медиу оцени дека состојбата во правосудниот систем во земјата е без преседан. Во обраќање пред Собранието на партијата, тој се повика на состојбата во Врховниот и во Уставниот суд што подолг период не функционираат поради тешкотиите во процесот за проверка на потеклото на имотот на судиите и нивна вмешаност во криминални активности. Затоа даде оценка дека состојбата во Албанија е полоша од било која европска земја.

„Повеќе од една година немаме Уставен суд како ниедна друга европска земја и целата моќ на овој суд е узурпирана од мнозинството и од премиерот. Нема никаков филтер за уставноста на законодавството во Албанија. Повеќе од една година сме без Врховен суд и денес има околу 30.000 неразгледани предмети со што отворено се кршат правата на граѓаните“, посочи Медиу.

Според него актуелната состојба во Албанија е алармантна, организираниот криминал ја заробил државата, а младите се принудени да ја напуштаат земјата.

„Албанија и албанската нација се наоѓаат на крстопат и критичните случувања што се создадени од политиката на власта која ја задави нашата европска иднина. Кога Европа ги кажува проблемите што ги имаме, што во суштина се многу посериозни од она што го велат, за премиерот Европа не нè разбира и прејудицира“, истакна Медиу кој ја обвини Владата за тешката економска состојба, за сиромаштијата, за непочитување на правата на граѓаните.

Тој се осврна и на протестите на жителите од населбата „Астир“  чии домови треба да се урнат поради изградбата на големата обиколница во Тирана и побара од премиерот Рама да ги обесштети граѓаните според пазарна вредност.

„Денес не сме уставна Република туку банана Република. Рама вети легализирање на секој бесправно изграден објект, а од друга страна сега кон нив се обраќа со навредливи зборови. Владата треба да ги обесштети според пазарна вредност“, наведе Медиу.

Актуелната влада на чие чело е премиерот Еди Рама, според Медиу, е најантиалбанска и најантиевропска во текот на транзицијата.

Албанија правосудство Републиканска партија Фатмир Медиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.