Албански државјанин, кој пред неколку недели бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје.

„Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Северна Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет“, пренесуваат медиумите во Албанија.

Албанскиот медиум „Балкан веб“ наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.