Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија

0
By Zoran Ivanov on November 30, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската невладина организација ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИУМСКИ ДИЈАЛОГ / Youth4Media од Северна Рајна-Вестфалија (NRW) организираат меѓународна конференција на 11-ти и 12-ти декември 2024 година под наслов „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ во државата партнер на NRW, Северна Македонија, објави владината веб страница на Северна Рајна-Вестфалија.

„Државната влада на Северна Рајна-Вестфалија (NRW) ја поддржува оваа важна меѓународна конференција. Настанот е дел од Неделата за човекови права на NRW, која вклучува различни формати на оваа тема. Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија се поврзани како земји партнери од 2021 година“, се вели понатаму во официјалното соопштение.

На владината страница на NRW на германската публика ѝ се откриваат неколку детали за конференцијата во Скопје.

„Конференцијата ќе собере водечки експерти, креатори на политики, претставници на граѓанското општество и новинари од различни европски земји и од САД за да се осврнат на актуелните закани за демократијата и човековите права ширум светот. Бидејќи слободниот свет се соочува со нови и зголемени предизвици за основните демократски вредности, стандарди и практики – од ескалација на конфликти и пораст на национализмот до подемот на авторитарните режими – оваа конференција ќе биде важна платформа за споделување согледувања и давање препораки“, стои во соопштението објавено на владината веб страница на Северна Рајна-Вестфалија.

Понатаму, во соопштението се истакнува дека фокусот на овој голем меѓународен настан во Скопје, е на заштита на човековите права, демократската отпорност и слободата на медиумите. Во двата дена се одржуваат панел дискусии, работилници и формати за вмрежување.

Исто така, во соопштението се промовира и дека заинтересираните можат да го следат настанот онлајн, со линк во живо на официјалната веб страница на конференцијата: https://defendingdemocracy.civilmedia.mk/.

Во соопштението се открива и дека Министерот за Европа на Северна Рајна-Вестфалија, Лимински, ќе го отвори главниот ден на настанот на 12 декември со видео обраќање.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.