Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мекалистер и Флекенштајн: Сите да се фокусираат на евроинтеграциите

0
By Нова ТВ on December 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 5, 2018 14:36

Процесот на уставните измени, помирувањето и имплементација на реформските активности утврдени со Планот 18 биле тема на денешната срердба во Скопје на претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери искажа благодарност за континуираниот интерес и поддршка на Европскиот парламент и институциите на ЕУ за Република Македонија. Тој ги информирал за актуелниот процес на уставни измени, што произлегува од Спогодбата потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција, кој се очекува да биде заокружен во текот на јануари следната година, како и за подготовките за реализација на активностите кои произлегуваат од Планот 18 на Владата на Република Македонија, како логично продолжување на реформите, а се со цел отпочнување на преговори за членство во јуни следната година.

Европратеникот Мекалистер, се посочува, упатил јасна порака на широка партиска поддршка од Европскиот парламент за Договорот од Преспа. Тој истакнал дека земјата е добар пример за регионот и за Европа, правејќи голем пробив во духот на доброседските односи и помирувањето и дека сега останува на Собранието на Република Македонија и на сите политички сили да ги стават во преден план стратешките интереси и цели на земјата, а тоа се евроатлантските интеграции. Во тие напори, земјата, истакнал, ја има целосната поддршка на европските институции.

Европратеникот Флекенштајн, пак, надоврзувајќи се на пораките упатени од страна на Мекалистер, потенцирал дека Европскиот парламент и европските институции исто така мора да ја завршат својата работа во однос на земјите аспирантки за членство во ЕУ и да ги исполнат дадените ветувања. Тој, покрај Договорот од  Преспа, ги издвоил и преостанатите реформи кои треба да бидат исполнети во делот на судството, услугите, јавната администрација и медиумите.

Соговорниците размениле и мислења за формирањето на собраниското интерпартиско тело за помирување и неговата структура, односно работните групи за помирување, интеграција и реформи кои ќе треба да произлезат со конкретни законски решенија во повеќе сегменти, како што се посочува, без преминување на црвените линии за владеењето на правото и правната држава, а особено за превенирање на насилството и облиците на насилство за остварување одредени цели во иднина.

-На крај, присутните се согласија дека Македонија треба да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ следната година и заслужува што поскоро да стане членка на Унијата, каде и географски припаѓа, стои во соопштението.

Мекалистер Флекенштајн џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.