Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да Силва: Португалија не би загрозила решение за спорот меѓу Скопје и Софија

0
By Sashko on June 29, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Португалија никогаш не би го загрозила процесот за изнаоѓање на решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку напротив, постојано се обидуваме да го олесниме, изјави португалската амбасадорка во земјава, Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, демантирајќи ги извештаите на бугарските медиуми дека државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш изјавила оти „јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји“.

Пина, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во изјава за Дојче Веле нагласува дека Закаријаш рекла оти „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“.

Бугарското национално радио (БНР) јави дека Закаријаш во разговор со новинари во Лисабон изјавила оти дебатата помеѓу двете земји е тешка и поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји и со идната соработка, како и оти „очигледно е поврзана со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“.

– Во Бугарија ќе има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат резултатите пред да одлучат како да постапат, изјавила, според БНР, Закаријаш, изразувајќи надеж дека Словенија, како следен претседавач со Унијата и како земја од регионот, ќе помогне да се најде решение за проблемот.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата во врска со пренесената изјава на Закаријаш, изјави дека Министерството за надворешни работи ќе ја провери автентичноста на изјавата, повторувајќи го ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решавање на разликите, бидејќи нуди решение, но не зазема страни.

– Во самиот предлог во преговарачката рамка е решението „преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик“. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската страна, кадешто, веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста, рече Заев.

Премиерот посочи дека по Самитот на ЕУ тој и министерот за надворешни Бујар Османи веќе дадоа и „длабински коментари“ за португалскиот предлог и доколку се донесеше одлука, во тој предлог е посочено пти преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик и ќе има унилатералната изјава на С Македонија и унилатералната изјава на Бугарија.

– Ние со Бугарија имаме реципроцитетен договор со кој што потпишуваме договори, одредени меморандуми, спогодби на кои што стои дека тоа е бугарски јазик согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија, рече Заев по презентацијата во Влада на законот за отпис на камати и трошоци.

#Португалија Бугарија Македонија Марија Виржинија Мендеш да Силва Пина решение спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.