Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мендух Тачи и Силвана Бонева на распит во СЈО

0
By Нова ТВ on August 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и Силвана Бонева, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Државната изборна комисија пристигнаа во СЈО, каде беа повикани да дадат изјави.

Засега нема официјални податоци во какво својство и за кои предмети се повикани овие функционери во СЈО.

На дневната агенда на СЈО денес е и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

Партијата на Ибраимовски потврди дека е повикан како сведок. Според нивни сознанија се работи за изборни измами и дискриминација по етничка припадност, што произлегуваат од прислушуваните разговори кои се предмет на истрагата.

Ибраимовски ќе сведочи и за изборите во Шуто Оризари во 2011 година, каде што според бомбите од опозицијата власта му подготвувала местенка.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претходно во писмена изјава до медиумите најавува дека во следниот период ќе има зголемена фреквенција на лица во Специјалното обвинителство.

„Во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во ова Јавно Обвинителство. Согласно ЗКП лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат.“, се вели во соопштението на СЈО.

 

 

Мендух Тачи распит Самка Ибраимовски Силвана Бонева СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.