Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерц сака на руските војници да им биде забранет влезот во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 14, 2026 20:21

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е копотписник на писмото со кое се бара од врвот на Европската Унија да воведе забрана за влез во ЕУ на руски војници кои учествувале или учествуваат во војната против Украина, објавија денеска германските медиуми.

Можниот влез на борци во Шенген зоната претставува сериозна закана за внатрешната безбедност“, се наведува во писмото, кое покрај Мерц го потпишаа уште шест лидери на земјите-членки на ЕУ, а кое беше упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Како што е наведено, овие лица, меѓу другото, би можеле да извршат кривични дела со елементи на насилство, да дејствуваат во криминални мрежи или екстремистички движења или да поддржуваат непријателски активности на Русија.

Опасноста се оценува како особено висока бидејќи меѓу борците кои дејствувале во Украина има повеќе од 180.000 осудени криминалци кои биле регрутирани од руските затвори и испратени на фронтот.

Според потписниците на писмото, темата е толку сериозна што бара политичко внимание на највисоко ниво и координиран европски одговор.

Мерц и лидерите на Естонија, Финска, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Шведска од овие причини сакаат ова прашање да биде вклучено во  дневниот ред на самитот на ЕУ следниот четврток.

Естонија пред неколку недели беше првата земја од ЕУ која ја започна иницијативата за можни забрани за влез.

Во документ од јануари оваа година, поддржан од естонската Влада и објавен од германските медиуми, се наведува дека од 2022 година, околу 1,5 милиони руски граѓани учествувале во борбени операции, а околу 640.000 сè уште се активни на терен.

Како што е дополнително наведено, нивните заеднички карактеристики вклучуваат борбено искуство и употреба на насилство, вклучително и веројатно учество во воени злосторства против украинското население.

Во документот се бара од сите земји-членки на ЕУ и Шенген-зоната да воведат забрана за влез за идентификувани руски граѓани кои учествувале во агресијата против Украина и да им се одбијат визи и дозволи за престој.

 

војници ЕУ Мерц руски џзабрана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.