Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерењето на загаденоста на воздухот во Струмица e пробно

0
By Нова ТВ on January 9, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 9, 2018 15:55

Во врска со информациите за енормното загадување на Струмица со ПМ 10 честички, денеска реагираа од општината. Во реакцијата стои дека мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период да не се земаат предвид.

– По завршувањето на сите активности, како што се баждарење и калибрирање на инструментите во самата мерна станица, ќе можеме со сигурност да ги следиме отчитувањата, како и да сме сигурни дека загадувањето на воздухот на територија на општина Струмица е на повисоко ниво од дозволеното, стои во официјалната реакција.

Додаваат дека заради транспарентност и отчетност, а со цел заштита на животната средина, во соработка со Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање инсталирана е мерна станица за мерење на загадувањето на воздухот.

Понатаму во реакцијата стои дека општина Струмица прва во државата го почна процесот на гасификација со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се овозможи чист амбиентален воздух.

– Како пример општина Струмица ги гасифицираше сите институции во надлежност на општината. Гасификацијата како мерка и на институциите на територија на општината и на домаќинствата и производствените капацитети е најдоброто решение за справување со загадувањето на воздухот, пишува во реакцијата на општината.

Општинските служби информираат дека од анализите кои се правени се покажало дека во најголем дел загадувањето на воздухот се должи на употребата на несоодветни фосилни горива за загревање како пто се иверки, стар намештај, моторно масло, прехранбено масло, пластика, гуми и други несоодветни горива.

Предложение се и конкретни мерки за намалување на аерозагаденоста, како што се редуцирање на употребата на моторните возила, бидејќи во Струмица и пешки се завршуваат најглем дел од основните потреби на граѓаните.

Потоа, инспекциските служби во надлежност на Општина Струмица засилено да го наблудуваат теренот и да вршат контроли, посебно кај стопанскит субјекти дали ги спроведуваат нормативите во нивното производство и загревање на просториите согласно употребните дозволи за заштита на животната средина.

Сообраќајните и комунални инспектори во соработка со СВР Струмица ќе ги отстрануваат моторните возила кои незаконски вршат загадување на воздухот како учесници во секојдневниот сообраќај.

Во изминативе денови, според податоците кои беа објавувани на апликацијата „Мој воздух“, Струмица беше општина со најзагаден воздух во државата, а вчеравечер беа измерени над 700 микрограми ПМ 10 честички на еден кубен метар.

Загадување мерна станица пробно Струмица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.