Германија ќе издвои три милиони дози на вакцини против ковид-19 за земјите од Западен Балкан, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
– И тоа ќе го сториме што е можно побрзо, додаде таа на прес-конференција по Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан, на кој таа беше домаќин, јавуваат британските медиуми.