Германската канцеларка Ангека Меркел изјави дека Европската унија е подготвена за почнување на преговори со Велика Британија за Брегзит.

„Подготвени сме за преговори. Сакаме тоа да го сториме што побрзо, во согласност со календарот“, изјави Меркел во текот на посетата на Мексико и ден по парламентарните избори во Британија.

Канцеларката додаде дека преговорите ќе почнат „наредните денови“ и покрај лошиот резултат на изборите на конзервативците и премиерката Тереза Меј.

Таа изрази надеж дека Британија ќе остане добар партнер и после преговорите кои би требало да почнат на 19. јуни.