Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ и дел е од обединета Европа

0
By Sashko on July 3, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Убедена сум дека иднината на Западен Балкан e во вистинска обединета Европа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит од Берлинскиот процес, закажан за понеделник, на кој домаќин е Германија. Меркел, во видео порака, кажа дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, процес што беше почнат во 2014 година, како Берлински процес, на иницијатива на Германија.

Таа посочи дека е постигнато многу од воспоставувањето на Берлинскиот процес, чија цел е да даде конкретен придонес кон стабилноста во регионот и мирниот дијалог.

– Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тоа е дел од Европа, каде раните од војната се уште не се залечени, а голем број граѓани од таа област живеат и во Германија. Јасно ми е дека земјите од ЕУ мора да имаат интерес за мирен развој на Западен Балкан. Ние сме одговорни практично да се залагаме за развој во тој дел на Европа, нагласи Меркел.

Германската канцеларка додаде дека процесот во Берлин веќе постигнал одреден успех и во тој поглед, таа особено го издвои неодамна основаниот Форум за млади. Таа истакна дека она што долго време се сметаше за невозможно, конечно е можно, а тоа е размена на студенти од различни религии и етникуми.

Тоа е практичен придонес кон мирот, подвлече Меркел, додавајќи дека меѓусебното признавање на дипломите, соработката во науката, како и напредокот во инфраструктурните проекти, што се карактеризира со чекори што водат кон зајакнување на прекуграничната размена меѓу граѓаните од регионот и надминување на предрасудите.

– Сето ова ги води земјите од Западен Балкан напред кон заедничката цел за исполнување на условите за членство во ЕУ. Убедена сум дека, порано или подоцна, нивната иднина навистина ќе биде во обединета Европа, нагласи таа.

Меркел посочи дека се уште има многу предизвици на Западен Балкан, дека недовербата и национализмите не исчезнале, а билатералните спорови можат да се разгорат во секој момент, поради што е потребно помирување. Тоа, вели таа, значи надминување на минатото и правење на се што е можно за идните генерации да живеат во мир.

Ангела Меркел ЕУ Западен Балкан Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.