Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени, а максималната од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на влажен бран, од утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.